Нема простор за национализам, за лажен патриотизам, како тој на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски ветува редефинирање на Уставот, што ќе прави, етнички чиста држава, зарем назад ќе се враќаме, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на телевизија Телма.
Тој објасни дека граѓаните мора да прават разлика помеѓу извршната и судската власт, дека тие се одвоени, и да престанат да веруваат дека политичарите може да го реформираат судството.
Наша задача беше да ги донесеме законите од областа на правдата и ние тоа го сторивме, но практичната примена на законите е обврска на судството и на обвинителството. Затоа ќе правиме проверка на имот. Ако политичарите реформираат судство ништо нема да наравиме. Затоа и повикуваме странски, но и домашни експерти, тие да го реформираат судството, не ние политичарите.
Ние ја исполнивме обврската со законите, сега мораме да одиме чекор понапред. Да нема повеќе застарување на предмети, да не почнуваат процеси отпочеток ако поротник оди во пензија, такви реформи се неопходни, да се создаде функционален и праведен систем.
Граѓаните мора да направат разлика помеѓу извршната и судската власт. Не можам јас или мојата партија да нарачува пресуда, да покренува обвиненија, помина тоа време, тоа е стилот на ВМРО ДПМНЕ, еве Мицкоски вели за шест месеци ќе ги осудел сите, објасни Заев дека независното и ефикасно судство мора да потекне од самите судии.