ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пецас: Позитивно е што одново ќе се разгледа прашањето за европерспективата на земјите од Западен Балкан

Пецас истакна дека Грција „навистина е за европска перспектива“ на земјите од регионот, објасни дека грчкиот премиер и дома и во странство, секогаш потенцира дека земјата го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ, „бидејќи е во интерес и на самите земји и во интерес на Европа и во интерес на Грција“.

October 30, 2019 15:54
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е позитивно тоа што во заклучоците од Европскиот совет е споменато дека прашањето за европската перспектива на Западен Балкан одново ќе се разгледа во следните месеци, рече портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, пренесе МИА.

Пецас истакна дека Грција „навистина е за европска перспектива“ на земјите од регионот, објасни дека грчкиот премиер и дома и во странство, секогаш потенцира дека земјата го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ, „бидејќи е во интерес и на самите земји и во интерес на Европа и во интерес на Грција“.

– Ние очекуваме да видиме како ќе се развие дискусијата на ниво на Европската унија. Многу е позитивен фактот што во текстот со заклучоците на Европскиот совет постои тоа дека за ова прашање одново ќе се разговара во следните месеци и во секој случај пред пролет. Според тоа, тука сме да го поддржиме она што го кажуваме дека навистина сме за европска перспектива на земјите од Западен Балкан, рече Пецас.

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на грчката влада го повтори ставот дека тие сметаат дека во Договорот од Преспа постојат елементи што се понаклонети кон едната страна, а како пример го спомена спроведувањето на ерга омнес.

-Она што сакам да го кажам е дека овој Договор е потпишан, ратификуван. Ние направивме сѐ и да не се потпише и да не се ратификува од грчкиот Парламент. Велевме и предупредувавме дека постојат елементи што се понаклонети кон едната страна, едно од тие е спроведувањето на ерга омнес и како што се покажа веќе постојат завршени работи, правни и политички како што е влезот на нашата соседна земја во НАТО, објасни портпаролот на грчката влада.

Во однос на комисијата за трговските ознаки, Пецас рече дека заштитата на македонските производи и понатаму е едно од главните прашања за грчката влада кога говори за подобрување на „штетниот договор“.

-Ја градиме нашата позиција во однос на заштитата на македонските производи. Како што знаете тоа е едно од најосновните прашања што ги истакнавме кога велиме дека сакаме да го подобриме овој штетен договор и ќе направиме сѐ за да ги заштитиме имињата „македонско/македонски“ на етикетите или производите на грчките компании. Тоа е нешто што е во тек, рече Пецас и додаде дека во суштина, комисијата за трговски ознаки формирана од претходната влада „не донесе резултати“.

Минатата седмица грчкиот премиер во Солун одржа состанок со претставници на организациите и здруженијата на производители на кој присуствуваа и градоначалникот и надлежниот префект, а една од темите беа трговските ознаки. Паралелно во грчките медиуми се појавија информации дека станало збор за промена на терминот „Macedonia“ во „Makedonia“ за грчките производи во странство, нешто што предизвика реакции во Грција.

Владиниот портпарол, на денешниот редовен брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека целата таа дискусија официјално беше демантирана и не се разговарало за такво нешто.

-Она што треба да очекувате се резултатите од оваа комисија, која што ќе започне да работи. Но, прашањето не е само комисијата и македонските производи, кога гледаме дека имаме таков развој на настаните, другата страна да смета дека треба одново да разгледа различни работи што се поврзани со Договорот од Преспа. Овде сме, ќе ги видиме останатите работи во следните месеци, рече Пецас.

Next Post

Во Прилепско иако под контрола, активни се два пожари

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk