ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Демонстрантите си заминуваат од пред српското Собрание

Покрај Белград, мирни протести вечерва се одржаа и во Нови Сад, Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац.

July 11, 2020 23:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Демонстрантите си заминуваат од пред српското Собрание во Белград, што значи дека вечерашниот антивладин протест е завршен. Како што јавуваат српските медиуми, пред Собранието упорно стои една помала група демонстранти, кои се поддржувачи на поранешниот член на Двери Срѓан Ного, кој денеска беше приведен на сослушување, но потоа беше пуштен.

Некои српски портали јавија дека полицијата вечерва пресретнала група млади мажи кои ги претресла и кај нив пронашла молотови коктели и гас маски.

Инаку вечерашниот протест помина мирно, без инциденти.

На насобраниот народ пред влезот во Собранието им се обрати свештеникот Антоние Давидовиќ кој повика на мир и рече дека луѓето се кренале против „корона диктатурата“. За време на неговиот говор беа запалени неколку факели.

На скалите пред Народното собрание беа запалени и свеќи во чест на Љубисав Ѓокиќ, познат како Џо багерист кој почина денеска на 77-годишна возраст. Тој беше еден од симболите на демонстрациите на 5 октомври во 2000 година со кои беше урнат режимот на Слободан Милошевиќ.
Инцидент пријави новинарот на неделникот НИН, Вук Цвијиќ, кој информира дека тројца крупни мажи му го одзеле телефонот и ги избришале снимките кои ги направил, а потоа му го вратиле. Цвијиќ за српските медиуми рече дека граѓаните кои доаѓале на протестот му рекле дека сомнителни лица се собираат во еден подрум во преминот Безистен. Тој тоа го пријавил кај припадниците на Интервентната полиција, кои ја отвориле вратата што ја посочиле граѓаните и на неа се појавиле нивни колеги, исто така припадници на Интервентната. Откако членовите на полицијата заминале, Цвијиќ слегол по скалите и влегол во просторија каде што наишол на тројца мажи кои му рекле дека не може да снима, му го зеле телефонот и рекле дека мора да си оди.

Покрај Белград, мирни протести вечерва се одржаа и во Нови Сад, Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац./МИА/.

Next Post

Заев: Мицкоски го гледаме како мајстор во спот, ама го знаеме како мајстор за хидроцентрали

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk