ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Пендаровски: Треба да бидеме упорни во нашата заложба да имаме почиста и поздрава животна средина

Пендаровски ја истакнал потребата секој од нас да посвети повеќе внимание во одржувањето на здравата животна средина, бидејќи правото на живеење во здрава животна средина е право на секој од нас. Претседателот истакнал дека токму овој период од годината е круцијален за одржувањето на животната средина, бидејќи аерозагадувањето е многу повисоко и веќе ја надминува границата на дозволената јаглеродна емисија

October 30, 2019 20:25
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, денеска прими ученици од осум средни училишта од разни градови во Северна Македонија, пренесе МИА.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата со учениците, Пендаровски ја истакнал потребата секој од нас да посвети повеќе внимание во одржувањето на здравата животна средина, бидејќи правото на живеење во здрава животна средина е право на секој од нас. Претседателот истакнал дека токму овој период од годината е круцијален за одржувањето на животната средина, бидејќи аерозагадувањето е многу повисоко и веќе ја надминува границата на дозволената јаглеродна емисија.

 –Затоа очекувам здружени акции на релевантните институции, но и подадена рака од нашите граѓани кои освен што ќе преземат конкретни еколошки акции, ќе бидат и во улога на еколошка патрола или еколошки патроли и набљудувачи на загадувачите. Сите ние преку самокритичност и навремена и брза реакција треба да бидеме упорни во нашата заложба да имаме почиста и поздрава животна средина, истакнал претседателот Пендаровски на средбата со учениците.

„Не игнорирај, реагирај!“ е платформа која обединува експерти од различни области, граѓански активисти, екологисти, креатори на јавно мислење, невладини организации и граѓански иницијативи, медиуми и поединци со цел да се изложат проблемите со кои се соочуваме како заедница; да се насочат прашањата кон соодветните институции; и да се провоцираат решенија за подобра животна средина и квалитет на живее.

Кампањата, која во организација на Институтот за комуникациски студии започна во март, се фокусира на постоечките ризици и последици од климатските промени во државата. „Не игнорирај! Реагирај!“ се фокусира на три клучни теми: одржливи градови, почиста околина и климатски промени.

Next Post

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk