ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

„Баумер“ ќе извезува сензорска технологија од Бунарџик

Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери

October 31, 2019 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електрониката ќе се извезуваат од фабриката на швајцарски „Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик, известува МИА.

Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери.

Сопственикот на групацијата Оливер Вице истакна дека нудат вештини за висока технологија, интересни работни места и одлични услови за работа.

– Во првата фаза на изградба компанијата се фокусира на производство и производствен инженеринг. Во следната фаза на проширување се планираат тимови за развој на нови производи составени од инженери за хардвер и софтвер како и специјалисти за ИТ, информираше Вице.

Стартувале со локален тим од искусни професионалци кои во иднина ќе го проширрат со едукација на мотивирани млади инженери и кавлификувани работници.

Во првата фаза на изградба од вкупно 19 илјади метри кавдартни површина, изграден е капацитет од четири илјади метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство, а 600 метри кавдартни за развоен центар и администратевиен простор.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев присуствуваа на отворањето, истакна дека станува збор за компанија која е синоним за квалитет и висока технологија.

– Моментите кога се собираат плодовите од посветената работа во која сте вложиле многу, се најубавите моменти. Денес имаме таков настан кога ги собираме плодовите од еден успешен заеднички потфат, рече Заев, додавајќи дека искреното пријателство и посветеноста кон високи технологии се вредностите што ги обединуваат Владата и компанијата во оваа соработка.

Според вицепремиерот Анѓушев, добро е што сега се отвораат капацитети со висока технологија за разлика од порано кога во државата имало самотрудоинтензивни капацитети. Потсети дека во изминатите две години се отворени 30-тина фабрики и 54 илјади нови работни места.

– Тоа е начинот како наместо млади луѓе, да извезуваме производи, рече Анѓушев.

„Баумер“  е една од водечките компании за изработка на сензори и сензорски решенија за автоматизација на процеси. Фабриката во Бунарџик е нивен 39-ти капацитет во 20 држави.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Изведба на „Набуко“ на „Мајски оперски вечери“

May 19, 2025
Трамп рејтинг

Лидерите на четири земји телефонски разговарале со Трамп пред неговиот разговор со Путин

May 19, 2025

На претседателските избори во Полска неочекуван успех на екстремната десница

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk