Отровно и навредливо, со ситење, некои самопрогласени величини, а длабоко во сенката на анонимноста, се обидуваат да спинуваат и манипулираат со фактите што се повеќе од очигледни. Така, секојдневно гледаме неуспешни обиди да се дискредитира сопствената земја, а фактите да се искривуваат до гротеска.
За жал, во антимакедонската офанзива се вклучени јавни личности, луѓе што некако се стекнале и со професорска титула. Своите студенти ги трујат со лажни вести и омраза во универзитетските амфитеатри и целата јавност, преку социјалните мрежи и пропагандните интернет гласила на криминалните структури во земјава.
Овде гледаме школски пример на манипулација со фактите. Во првото видео ќе се види исечок од видео материјал врз кој погрешно се претставува дочекот и третманот на премиерот Заев при неодамнешната посета во Брисел.
Видеото е придружено со текст (на еден од споменатите портали) во кој се цитира и Апасиев:
Каков крај Зоране… Додека регионот ја коментира шегата на Вучиќ упатена кој косовскиот колега Хашим Тачи, Македонија му го гледа тажниот крај на тринаесеттото прасе.
Професорот Димитар Апасиев за игнорот од „шефицата“.
https://www.facebook.com/remetMK/videos/406536726695417/
Реалната слика е прикажана на второто видео:
Мотивите за вакво искривување на фактите се повеќе од очигледни. Останува констатацијата дека срамното искривување на фактите, меѓу другото, ја илустрира фрустрацијата на противниците на европскиот пат на Северна Македонија.
Џ. Д.