ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Оксфордската вакцина против Ковид-19 брзо се развива и го помага имунолошкиот систем

Т-клетките, еден вид бели крвни клетки, помагаат во координирање на имунолошкиот систем и се способни да забележат која од клетките на телото е заразена и да ја уништи.

July 20, 2020 17:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд, се чини дека е безбедна и го подготвува имунолошкиот систем.

Испитувањата, во кои учествувале 1.077 луѓе, покажале дека после инјекцијата организмот создал антитела и бели крвни клетки кои можат да се борат со коронавирусот.

Наодите се многу ветувачки, но сè уште е премногу рано да се знае дали тоа е доволно за да се обезбеди заштита, и во тек се поголеми испитувања.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од вакцината.

Вакцината – наречена ChAdOx1 nCoV-19 – се развива со невидена брзина.

Изработена е од генетски создаден вирус што предизвикува обична настинка кај шимпанзата.

Тој е многу изменет, прво, за да не може да предизвика инфекции кај луѓето и за „да изгледа“ повеќе како коронавирус.

Најголемиот дел од фокусот на коронавирусот досега се однесуваше на антитела, но тие се само еден дел од имунолошка одбрана на човечкиот организам.

Антителата се мали протеини кои ги создава имунолошкиот систем и кои се лепат на површината на вирусите.

Неутрализирачки антитела можат да го спречат коронавирусот.

Т-клетките, еден вид бели крвни клетки, помагаат во координирање на имунолошкиот систем и се способни да забележат која од клетките на телото е заразена и да ја уништи.

Речиси сите ефективни вакцини предизвикуваат и антитела и одговор на Т-клетките.

Кај вакцината од Оксфорд, нивоата на Т-клетките го достигнале максимумот 14 дена по вакцинацијата, а нивото на антитела го достигнало врвот по 28 дена. Студијата не трае доволно долго за да се утврди како изгледа долгорочниот имунитет.

Сепак, има несакани ефекти.

Нема опасни несакани ефекти од вакцината, но сепак, 70 проценти од луѓето вклучени во испитувањето имале или температура со треска или главоболка.

Истражувачите велат дека тоа може да се реши со парацетамол.

– Има уште многу работа да се направи пред да можеме да потврдиме дали нашата вакцина ќе помогне во справувањето со пандемијата на Ковид-19, но овие првични резултати ветуваат, изјави Сара Гилберт, професорка на Универзитетот во Оксфорд./МИА/

Next Post

Во САД, убиен син на федерална судијка неодамна назначена за случај за Епстин, сопругот тешко ранет

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk