Од Центарот за јавно здравје информираат дека денес во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а четворица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 55, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 312.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 83 лица, стои во дневното соопштение од општината до медиумите.