ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров – Андрикиене: Новата влада ќе се посвети на реформите и надминување на слабостите на изборниот процес

Како што соопшти МНР, Димитров изрази благодарност до ОДИХР за успешно спроведената набљудувачка мисија за предвремените парламентарни избори, реализирана во услови на пандемија, како дополнителна вредност на севкупниот изборен процес.

July 21, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари завршна средба со Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори на 15 јули , со цел размена на мислења за изборниот процес и изборниот ден, а согласно првичните наоди на мисијата.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази благодарност до ОДИХР за успешно спроведената набљудувачка мисија за предвремените парламентарни избори, реализирана во услови на пандемија, како дополнителна вредност на севкупниот изборен процес.

Успешно спроведените избори даваат можност за формирање политичка влада во текот на летото, којашто ќе се посвети на продолжување на клучните реформски процеси во државата, вклучително и надминување на слабостите на изборниот процес и неговата законска регулатива, согласно препораките на ОДИХР. И покрај отежнатите околности од пандемијата, граѓаните имаа можност врз основа на компетитивна кампања на политичките партии и слободните медиуми да донесат информирани одлуки и да ја изразат својата волја на демократски начин, истакна Димитров.

Тој, како што се наведува, потенцираше дека изборите беа организирани во согласност со европските стандарди и препораките од здравствените власти за заштита на здравјето на граѓаните, како основен прерогатив на Владата.

Шефот на набљудувачката мисија, г-ѓа Андрикиене, истакна дека изборите беа спроведени на ефикасен начин, земајќи ги предвид меѓународните стандарди и здравствените протоколи. Таа ги пренесе главните точки на прелиминарните наоди на Мисијата, како и очекувањата да продолжат реформите за подобрување на изборното законодавство и зајакнување на капацитетите на изборните органи, стои во соопштението од МНР./МИА/

Next Post

Владата одлучи да се пристапи кон програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk