ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога хакерската играчка ќе стане плачка

July 24, 2020 08:45
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Така се случи, недолго откако вчера го прочитав интервјуто, објавено на сајтот it.mk, со хакерите кои стојат зад нападот на агрегаторот time.mk (https://www.it.mk/intervju-so-hakerot-koj-stoi-zad-napadot-na-time-mk/), тие вечерта хакираа уште неколку државни институции на сличен начин и со слични пораки како и при хакирањето на time.mk.

Со оглед на моите непостоечки стручни познавања на информатичките аспекти за компјутерско хакирање, разговарав со двајца експерти од оваа област, кои исто така го прочитале тоа интервју. Нивниот впечаток е – ми објаснуваа и стручно, ама не разбрав ништо – дека зад упадот на сајтот на time.mk сепак стојат некакви дечишта, со ограничени информатички познавања и вештини, но најверојатно со инсајдерски пристап до кодови и лозинки кои им го овозможиле упадот.

Добро. Да речеме дека се „дечишта“ кои гледале холивудски филмови, па од забава, со вишок на хормони или заради некаков хакерски ентузијазам решиле да се промовираат во јавноста на овој начин. Дури и да е така, приказната ги има сите изгледи да заврши од наивна играчка, со голема плачка.

За почеток, ако тие „дечишта“ не се во координација со упадите во системот на ДИК, тогаш имале неверојатно лоша среќа: нападот на ДИК е тежок упад во политичко-безбедносниот систем на земјава со јасна цел за интервенција во изборните резултати или, најмалку, за ширење несигурност и недоверба во јавноста во однос на клучниот политички процес кој гарантира стабилност во секоја демократија, а тоа е легитимноста на изборите. Тоа може да биде сè, само не е забавно – а „дечиштава“ оваа коинциденција (ако е само тоа) скапо ќе ги чини.

Па и самиве „дечишта“ не кријат дека имаат јасна политичка агенда. Во спомнатото интервју велат: „Мора некој да изреагира на ваков начин во оваа држава, очигледно со добро ништо не се постигна во последните 20 години. Секако нема да бидат 2-3 напади, се спремаме за преку 30-40 напади во рок од неколку недели.“

Кога ќе ги фатат, изјавата дека (во државава) „со добро ништо не се постигна“, ќе им закачи на вратот многу потешки кривични дела од самото компјутерско хакирање. Сега не може да се претпостави кои се нивните политички, партиски или други афилијации и ангажмани (тоа самите ќе си го „испеат“ во првите триесет минути од сослушувањето), но може да се насетат дузина отежнувачки околности кои „играчката“ ќе им ја претворат во долга затворска „плачка“. Ќе биде човечка штета ако, навистина, се работи за млади, наивни луѓе.

Но, она што „дечиштава“, изгледа, најмногу не го разбираат е дека со нивните илегални активности сега не се занимаваат само македонските истражни органи за компјутерски криминал, за чија способност може да се раскажат разни легенди. За нивна жал, можеби и заради „коинциденцијата“ со нападот врз ДИК, многу покапацитетни структури, од сојузничките меѓународни организации во кои членува Македонија, ќе да се активирани во нивна потрага. Претпоставувам дека „дечиштава“ и тие холивудски филмови ги имаат одгледано.

Лично, ако се навистина локални „дечишта“ во прашање, да не беа затворени границиве заради епидемијава, ќе им дадев пријателски совет под итно да се симнат од „гридот“, веднаш да ги фрлат мобилните во Вардар, да ги извадат батериите од машинките за бричење и да фатат магла на некое место што подалеку од Македонија, по можност на висока планина.

Вака, најверојатно, ќе бидат во пижами кога ќе ги апсат. Тогаш ќе сфатат дека Ѓаволот ја однел шегата.

Доколку, сепак, се испостави дека не се работи за „дечишта“… Е, тогаш ќе треба други песни да се пеат. Најверојатно на кирилица.

 


Сите права се задржани. 
Next Post

Утрински преглед на вести: Досега 445 починати од Ковид-19, Малолетници обљубиле 13-годишно девојче, Коалиција со Левицa не доаѓа предвид...

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk