ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Реакции во Грција за првата молитва во Аја Софија

Денешното и официјално претворање на Света Софија од споменик во џамија и манифестацијата во Истанбул е една од главните теми во грчките медиуми.

July 24, 2020 18:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Првата молитва во Света Софија, во Истанбул, што се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предизвика реакции во Грција, како од власта и опозицијата, така и од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата видео порака до граѓаните по повод 46-годишнината од враќањето на демократија во Грција, се осврна и на односите со Турција, коментирајќи дека со постапки како што е претворањето на Света Софија во џамија „ја навредува културата а 21-от век“.

-Сето она што денеска се случува во Истанбул, не е манифестирање моќ, туку доказ на слабост. Јасно е дека она што се случува нема моќ да го засени сјајот на еден споменик од светското наследство. Но, оцрнети се универзалните вредности. Затоа потребна е и универзална осуда, порача грчкиот Премиер.

За универзален културен карактер кој Грција, преку меѓународна кампања треба да го одбрани, говори портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис, и вели дека денешната свеченост во Света Софија и тоа на годишнината од Лозанскиот договор е „националистичка провокација со длабоки елементи на авторитаризам“.

– Света Софија им припаѓа на сите и требаше да остане симбол на верските слободи, сјајно обележје на соживотот и дијалогот против логиката на верската конкуренција или конфликтот на културите, вели Харицис во писмената изјава.

Денешното и официјално претворање на Света Софија од споменик во џамија и манифестацијата во Истанбул е една од главните теми во грчките медиуми.

Дел од телевизиите се вклучија во живо од Истанбул во моментите кога Ердоган пристигна во Света Софија, а коментарите на новинарите се дека станува збор за „провокација од Турција“, за „тажен и црн ден за христијанството“, за „сквернавење на споменик од светското културно наследство“ и сл./МИА/

Next Post

Совет на ЕУ: Дистанца или маска и хигиената се задолжителни кај колективниот превоз на патници

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk