ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОЈО контра Чулев: На МВР не му треба налог од обвинител за да влезе на семејни прослави, должни се да казнуваат кога не се почитуваат мерките

Од оваа институција се повикуваат на член 38 од Законот за полиција каде детално е регулирано полициското овластување за проверка и утврдување на идентитетот на лица и предмети, па според став 1 точка 3 „проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето над кое се извршува преглед или претрес или се преземаат други со закон утврдени мерки и активности“.

July 25, 2020 21:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

И влегувањето во туѓ имот и затворени простории, проверката и утврдувањето на идентитетот на лица и предмети тогаш кога треба да се спречи вршење на кривично дело спаѓа во надлежностите кои МВР е должно да ги спроведе во услови на пандемија кога се забранети собири. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев по опомените и укажувањата кои ги доби од надлежните дека полицијата не реагирала кога во период на ковид-19 се одржувале свадби, прослави, семејни слави, како и мекици со по 200 гости, изјави дека за тоа на МВР му требало налог од Обвинителството, стои во текст на МКД.мк.

Редакцијата на МКД.мк одговор и појаснување на законите и надлежностите на постапување во вакви вонредни услови и во период кога имаме преморени здравствени работници, полни болници и се поголем број на заразени со ковид-19 побара од Основното јавно обвинителството Скопје.

Од ОЈО Скопје се децидни, ниту според Законот за полиција ниту според Законот за кривична постапка за тоа не е потребен налог од јавен обвинител.

„Во врска со законските надлежности за постапување за влез на некоја семејна прослава во услови кога истите се забранети Ве известуваме за следното: Согласно член 5 став 1 алинеја 3 од Законот за полиција, во полициски работи се подразбираат дејствијата на полициските службеници кои што се однесуваат на – спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон определени мерки за гонење на сторителите на тие дела. Според член 28 став 1, во полициски овластувања утврдени со Законот за полиција спаѓаат и: согласно точка  1 – проверка и утврдување на идентитетот на лица и предмети, согласно точка  13 – влегување во туѓ дом и други затворени простории“, стои во одговорот на ОЈО.

Од оваа институција се повикуваат на член 38 од Законот за полиција каде детално е регулирано полициското овластување за проверка и утврдување на идентитетот на лица и предмети, па според став 1 точка 3 „проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето над кое се извршува преглед или претрес или се преземаат други со закон утврдени мерки и активности“.

„Според точка 4, пак, „проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето кое е затечено во туѓ дом, објект и други простории или во превозни средства над кои се извршува преглед или претрес, ако проверката на идентитетот е потребна“, според точка 7 кон лице „кое со своето однесување предизвикува сомневање дека е сторител на кривично дело или прекршок или дека има намера да стори такви дела“, а според точка 8 и кон лице „кое ќе се затекне на местото на извршено кривично дело или прекршок“.

Според член 60-а став 1 од Законот за полиција, полицискиот службеник може да влезе во туѓ дом и други затворени простории без писмена наредба и да изврши преглед на домот и просторот поврзан со домот ако тоа е потребно заради отстранување на сериозна опасност по животот и здравјето на луѓето (согласно алинеја 2),поради лишување од слобода на сторител кој е затечен при извршување на кривично дело кое се гони по службена должност (согласно алинеја 6) на место каде што е извршено кривично дело заради вршење увид (согласно алинеја 7)“, дополнуваат од Обвинителството.

Цитиран е и членот 276 од Законот за кривична постапка исто така се регулирани овластувањата на полицијата, па така според став 1 „ по приемот на кривичната пријава или добиеното сознание за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, полицијата е должна да ги преземе потребните мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие или побегне, да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што можат да послужат како доказ, како и да ги собере сите известувања што би можеле да бидат од корист за успешно водење на кривичната постапка“.

Во ставот 2 од овој член се поединечно наведени задолженијата на полицијата кои што е обврзана да ги преземе со цел утврдување на идентитетот и обезбедување на доказите за сторено кривично дело.

„Од овие законски одредби неспорно произлегува дека полициските службеници по службена должност се овластени да го утврдуваат идентитетт на сторителите на кривични дела и да обезбедуваат докази. Ниту според Законот за полиција ниту според Законот за кривична постапка за тоа не е потребен налог од јавен обвинител“, појаснуваат од ОЈО.

И член 282 став 1 од Законот за кривична постапка предвидува дека по приемот на кривична пријава или добиеното сознание за постоење основи на сомневање дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, полицијата, без одлагање по писмен пат го известува јавниот обвинител.

„Според  став 2 од оваа одредба пак, ако постојат основи на сомневање за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години или постојат причини за итност, полицијата известувањето на јавниот обвинител ќе му го даде веднаш по усмен пат. На усното известување мора без одлагање да следи писмено известување, согласно со ставот (1) на овој член. Треба да се напомене дека во конкретниот случај со свадбата во Нерези, на пример, ова не е направено, односно не е доставено писмено известување до јавен обвинител. Исто така, треба да се напомене дека кога при полициските овластувања, треба да се утврди идентитет и да се обезбедат докази за сторено кривично дело, полицијата може да преземе и истражно дејствие – претрес на дом и други простории, а по претходна наредба од судија на претходна постапка, согласно член 182 став 1 од Законот за кривична постапка. Во исто време, во член 193 од Законот за кривична постапка се регулирани и законските можности за влегување во дом без наредба за претрес, па според став 1 алинеја 3 тоа може да се направи „ поради лишување од слобода на сторител кој е затечен при извршување на кривично дело кое се гони по службена должност“, а според алинеја 4 и „на место каде што е извршено кривично дело заради вршење увид“.“, стои во одговорот до нашата редакција.

Од ОЈО Скопје велат дека за да постапува обвинителството, потребно е да ги има основните податоци во поглед на лицата кои го организирале и присуствувале на настанот.

Воедно, од таму нагласуваат дека кривична пријава или известување до Обвинителството може да поднесе секоја надлежна институција, врз основа на податоците кои се однесуваат на определен кривично-правен настан во рамките на надлежностите на тие институции.

Министерот Наќе Чулев по бројните реакции и укажувања на надлежните дека МВР не постапило согласно препораките да не се дозволува групирање во услови на пандемија и да казнува доколку граѓаните не ги почитуваат мерките, прстот го впери во Обвинителството и вели дека не може да влегува на семејни прослави без налог на обвинител.

„Кога се работи за семејни слави во домашни објекти, МВР не може да биде информирано и да влезе без налог од Основното јавно обвинителство“, истакна министерот за внатрешни работи Чулев пред неколку дена.

Укажувања за тоа дека полицијата не треба да дозволи групирање и непочитување на мерките имаше и од министерот за внатрешни работи, Венко Филипче кој постојано упатува апели до МВР да казнува, а до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Укажувањата и на директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова се дека порастот на бројот на заболени е поради непочитување на мерките, а кластерите се од свдби, семејни собири, мекици… 

Последниот голем собир во услови на пандемија беше вчера во средното медицинско училиште во Скопје. Беа објавени фотографии каде сите не носеа маски, а не се одржуваше ни дистанца.

Одговорот од МВР во врска со овој настан беше дека полицијата утврдила дека се носат маски, а социјална дистанца не се одржува бидејќи немало доволно место.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

May 15, 2025

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања

May 15, 2025
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk