ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати

Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена од земји каде што даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип

November 2, 2019 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена од земји каде што даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип, пренесе МИА.

Смета дека е ретко некоја власт, чесно да истапи пред својот народ и да ја повлече оваа мерка.

– Да, направивме исчекор, почнавме еве на крај на годината сме и признаваме дека не ги донесе резултатите. Ова е само израз на чесно владеење, што ќе продолжи оваа Влада да го практикува. Заради тоа што постоиме и работиме за народот и секогаш е почесно да ги признаете грешките и да повлечете чекор назад, отколку буквално да продолжите во нешто од пусти каприц и само да покажете дека сте исправен во тоа што сте почнале како политика, вели Заев.

Смета дека со овој потег се флексибилни кон стопанството и работниците, а анализите покажале дека капиталот е мобилен и овозможува отварање на сметки надвор од државата.

– Растот на персоналниот данок е повеќе од 14 проценти оваа година, но ова не се должи само на прогресивниот данок, туку заради тоа што имаме 54.000 нови работни места. Тие плаќаат персонален данок, заради тоа што платите растат, а расте и персоналниот данок за платите. Во споредба со овие една милјарда и 850 милиони евра , повеќе наплатени пари од персонален данок или 14 посто, ако го споредиме делот на наплата на приходот од данок на добивка, досега е помал за две милјарди и четрсто. Само ако ги споредиме овие две приходни ставки, гледаме дека сме навлезени во еден ризик, којшто веројатно во едно несоодветно време, кога во целиот овој наш регион, скоро сите земји имаат рамни даноци и во време кога државата влезе неподготвена да ги заштити пред се информатичарите, интелектуалната класа или академска, која е со едно сериозно образование, генерира приход повеќе од 18.000 евра годишно или 1.500 евра месечно. Сето тоа на еден начин го стават во функција да отворат сметка во Косово, Србија, Бугарија и истовремено да ја премести својата компанија, вели Заев.

Премиерот истакна дека токму врз овие анализи за прогрсивниот данок  е можно и странските компании не се мотивирани да влозжуваат во земјава, а пред се во високите технологии и информатичкиот сектор.

Next Post

Бугарскиот патријарх Неофит: Бугарската црква и дава целосна поддршка на МПЦ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk