ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Запалената политичка џунгла

На трпезата е сервирана европската иднина. Доволно е сите што барем малку ги сакаат специјалитетите на таа храна на иднината, да ги остават предизборните чатали, лакови и стрели на страна, да ја проголтаат својата суета и да формираат мнозинство што ќе нè поведе кон Европа со чекори од седум милји, а не повторно да се стркаламе прудолу.

July 29, 2020 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јавноста повторно го изгуби компасот во запалената македонска политичка џунгла. Ситуацијата е супер комплицирана, има многу повеќе од ова да се толкува и разбира, но ова се некои основни насоки за ориентирање. Кој ќе се изгуби во оваа џунгла, нема да го најдеме ни на следните избори…

Да почнеме накратко со ДИК, но веднаш потоа да прејдеме на главниот оброк – партиите. Додека се дебатираше околу скандалот со падот на веб страницата на Државната изборна комисија, многу други, далеку посериозни прашања во врска со изборната администрација останаа неодговорени. Да биде трагедијата поголема, тоа не се прашања што се појавуваат премиерно, туку се влечат со години наназад.

Најголема корист од тоа ќе извлечат тие што најмалку ја заслужуваат, а ДИК нема да направи ништо за да ги отстрани сомнежите од својата работа. Политичкиот живот веќе продолжи таков каков што е, никаков. Други ќе ја бијат скапата битка за кредибилитетот кој ДИК со таква леснотија го губи од избори до избори. Најголеми губитници ќе останат граѓанките и граѓаните од кои, пак, се очекува да имаат кратко паметење во главата и богобојазливо простување во срцата.

За нивото на (не)почитување на Изборниот законик никој не дебатира. И онака е како швајцарско сирење, и онака некои таму од ЦИВИЛ со години заговараат потполно нов закон и длабоки изборни реформи, зарем вреди да се дебатира сега за тоа? Ништо не значи ставот дека непочитувањето на законите, макар и да се лоши, води кон уште подлабоки проблеми и хаос.

Кој кого купува?

ВМРО-ДПМНЕ западна во внатрешен конфликт кој се наѕираше долго пред изборите, а се претвори во вистински пожар веќе пред полноќ на изборниот 15 јули. Ногарките на претходно силно разнишаниот трон на Мицкоски ги зафати незапирлив оган што го потпалија амбициозните претенденти, некои европски модерни, но повеќето подобри или полоши копии на Груевски.

Да не заборавиме, една таква копија е (дали да почнеме да пишуваме „беше“?) Мицкоски, чија трагикомична неспособност може да се натпреварува само уште со карикатурите од професори околу него. Како што стојат работите, само „чудото“ од Будимпешта може да го спаси, ако и тоа не настрада во јуришот на вмровскиот трон…

На хаосот во Шампитата се додаде и плачливиот обид на апашите и куририте да го обвинат Заев дека купува пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Не им оди од рака, бидејќи е крајно нелогично Заев да купува кога бесплатно му се нудат оние што не сакаат да потонат сосе дупнатото кајче на Мицкоски. Би било пологично токму обратното.

Со сите црни пари со кои располага, може токму партијата на Мицкоски да сака да ги задржи тие што се тргнале да бегаат, па и нешто екстра да купи, ако може. Шансите за тоа „екстра“ се прилично тенки, иако не се невозможни. Нели, кога се нема образ, пари се пари, било да се црни или бели.

Најголемото зло во македонската политика

Ако им се верува на Фејсбук аналитичарите, ДУИ е најцрното нешто што може да се замисли во македонската историја, сегашност и иднина. Одеднаш, самото вемеро падна во сенката на „најголемите криминалци и најстрашните националисти, чистото зло“ на македонската политичка сцена! Ни новите фашисти, ни децениските џелати на македонската демократија и иднина, никој не е толку страшен како Али Ахмети и неговата партија. Тие одеднаш се качија на првото место на топ листата на криминалците и националистите.

Навистина, самите (не)намерно даваат безброј причини за да го навлечат гневот на себе среде плимата од лоши идеи што им се раѓаат во задушливите одајчиња во седиштето во Мала Речица. ДУИ грчевито се борат да ги сочуваат позициите во структурите на моќта во чии пазуви паразитски живеат од формирањето во 2002 година. За сега, небото над Мала Речица е прилично облачно, со повремени поројни дождови и грмотевици.

Сè на сè, одлична стратегија на непријателите на демократијата – создадоа слика во јавноста дека е подобро да се прави влада дури и со антизападното, ултра националистичко ВМРО-ДПМНЕ, па дури и со новите фашисти, отколку со ДУИ. Чудна логика зад која не е тешко да се открие широко распространетиот и длабоко вкоренетиот национализам кај сите, а особено стравот дека национализмот на „другите“ е поголем од сопствениот…

Од друга страна, на трпезата е сервирана европската иднина. Доволно е сите што барем малку ги сакаат специјалитетите на таа храна на иднината, да ги остават предизборните чатали, лакови и стрели на страна, да ја проголтаат својата суета и да формираат мнозинство што ќе нè поведе кон Европа со чекори од седум милји, а не повторно да се стркаламе прудолу.

Па не мора Заев сè сам да направи, по ѓаволите!

 


Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk