ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленило и содржини за деца во новиот зелен корнер во „Лептокарија“

July 29, 2020 13:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Започнаа изведбените, теренски активности за реализација на зелениот корнер во ТЦ „Лептокарија“, во населбата Карпош 3. Од десната страна, на популарната „коцка“ ќе се добијат уреден дел, ново зеленило (хортикултурно уредување), систем за наводнување, клупи за седење, реквизити за деца и соодветна подлога.

Како што појаснија од Општината, станува збор за еден од пофреквентните делови во Карпош, со што овој дел ќе добие додадена вредност и ќе има повеќе содржини за рекреација на сите генерации граѓани.

Уредување на овој јавен простор го финансира „Халкбанк“ АД Скопје, во рамки на проектот „HalcEco“, чија основна цел е заштита и унапредување на животната средина.

Во теренски увид на активностите денеска беа градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и главниот извршен директор на „Халкбанк“ Билал Суџубаши.

Богоев, како што соопшти Општината, се осврна на планското уредување на јавниот простор во Карпош и континуираното раззеленување на општината:

– Започнуваме со уредување на еден препознатлив дел од Карпош. Ова место е срцето на општината, простор каде што се организираат многу настани и случувања. Мило ми е што ќе добиеме уреден простор за најмладите, со повеќе зеленило, со урбана опрема, систем за наводнување и со содржини за дечињата. Исто така, се заблагодарувам до „Халкбанк“ за придонесот во уредувањето на овој простор. Таа е банка која ја препозна нашата заложба за почист и зелен Карпош и ја покажа својата општествена одговорност. Ги повикувам и сите други компании да го следат овој пример и да покажат грижа кон заедницата, истакна Богоев.

Тој напомена дека локалната самоуправа, изминатиов период сериозно вложувала во нови системи за наводнување и засадување на тревни површини. Токму, во „Лептокарија“, во средишниот дел, информираат од Општината, се постави автоматски систем за наводнување на зеленилото, со цел истото да биде подолготрајно.

Суџубаши говорел и за рокот на изведба на ова зелено катче и придобивките.

– Со овој проект, кој планираме да биде завршен до крајот на идниот месец, се надеваме дека жителите на Општината ќе добијат катче кое ќе биде пријатно место каде ќе го минуваат слободното време, но ќе биде и пријатно место и за сите кои го посетуваат овој трговски центар. На крајот, тоа може да доведе и до поголема економска активност и економски бенефит за многуте трговски објекти кои делуваат токму овде, рече извршниот директор на „Халкбанк“.

Овие денови, се вели во соопштението, заврши целосната обнова на препознатливите 19 пешачки мостови во Градскиот парк, кои беа реализирани како донација на „Халкбанк“ кон Град Скопје и жителите на главниот град.

Суџубаши ги повикал граѓаните и да ја симнат мобилната апликација HalkEco, која е интерактивна и ги поттикнува граѓаните на спортски и еко-активности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Реакција на СДСМ на ставот на Мицкоски во врска со Универзалната сама во Скопје

НАЈНОВО

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

October 9, 2025

Судот во Битола го одби предлогот за затворски притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

October 9, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево, ќе ја создаде најголемата градска шума во Расадник

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk