Бугарската православна црква ќе продолжи да ги поддржува Македонците, сето она што го сторивме досега е корисно за двата братски народи, изјавил за БГНЕС бугарскиот патријарх Неофит, пренесе МИА.
Патријархот ја истакнал важноста на заедничката бугарско-македонска црковна комисија, со која претседава бугарскиот митрополит Кипријан.
-Што и да е направено под негово водство, ќе имаме можност да го разгледаме, вели тој и потенцира дека двете страни имаат благородни намери и дека ќе се обидат да направат добро и корисно за двата народа.