ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АХВ: Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници

Граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и здравствената заштита на оваа категорија животни.

July 29, 2020 16:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на Курбан Бајрам апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, туку месо за празникот да набават од одобрените месарници.

АХВ потсетува дека движењето на животните треба да се врши исклучиво со поседување сертификат за здравствената состојба на секоја единка, а колењето само во одобрени кланици од страна на Агенцијата.

-Граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и здравствената заштита на оваа категорија животни. За да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, апелираме граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници, нагласува АХВ и најавува засилени контроли на движењето на животните.

Традиционалната продажба на овните кои се принесуваат за курбан, почна, но, сточарите се генерално разочарани од слабиот интерес кај верниците да купат. Причината за ваквата ситуација ја лоцираат во КОВИД пандемијата која ги спречи печалбарите да дојдат дома и да го прослават Бајрам тука. Дополнително, за намалениот интерес, според нив, придонесуваат и информаците дека во некои делови од државата има „син јазик“, а влијание има и определбата на некои од верниците парите за курбан да ги донираат во муфтиствата.

Цената за грло овен засега се движи од 70 до 120 евра, зависно од тежината.

Првиот ден од Курбан Бајрам е во петок, на 31 јули. Тогаш се коле и курбанот, по што месото се распределува на сиромашни семејства. Празникот се слави четири дена./МИА/

Next Post

Деца од една и 4 години заразени од коронавирус во Битола

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk