Тој истакна дека е потребно рушење на Порта Македонија и Мајка Тереза, а дислокација на другите споменици, пишува во текст на Локално.
-Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени. Уличниот коридор е најтрајната инфраструктура.
Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони, ќе се сруши за помалку од 70.000 евра. Мајка Тереза за два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев.
Извор: Локално.