ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груевски се „јави“ на ФБ: Воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада

Инвеститорите, особено во некои гранки каде платите се повисоки, како информатичките технологии на пример, исто така ќе останат во неизвесност и секако овој рок ќе го вкалкулираат во своите бизнис одлуки, а тоа ќе оди на штета на Македонија.

November 2, 2019 17:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер, сегашен азилант во Унгарија, Никола Груевски, кој побегна од државата за да не одговара прел лицето на правдата, повторно со критики за политиките на сегашната власт. Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус.

Независно што воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада за што укажував уште пред да се воведе истиот, сепак иако целта е предизборен популизам, за пофалба е враќањето на рамниот данок, еден од најуспешните проекти во Македонија од независноста до денес, воведен на 1 јануари 2007 година, пишува на својата Фејсбук страница поранешниот премиер Никола Груевски.

Грешка е што тоа е само на три години бидејќи со таков рок ќе изостанат поголем дел од очекуваните ефекти. Повеќето од оние кои веќе најдоа алтернативни решенија надвор од Македонија нема да брзаат со враќање во Македонија чекајќи го исходот по истекот на овие три години или барем изборите, смената на власта и чекорите на новата власт.

Инвеститорите, особено во некои гранки каде платите се повисоки, како информатичките технологии на пример, исто така ќе останат во неизвесност и секако овој рок ќе го вкалкулираат во своите бизнис одлуки, а тоа ќе оди на штета на Македонија.

Не е точно дека прогресивниот данок, особено не моделот на СДСМ, обезбедува социјална правда. За ова може многу аргументи да се напишат, постојат цели студии, но за целта на овој текст само ќе потсетам дека даноците треба да се ниски, рамни и едноставни, а поголемиот профит приватниот сектор и луѓето кои имаат знаење и вештини за високи заработки во најголем дел ќе го искористи за нови проекти и инвестиции што ќе значи и нови работни места. Тоа само по себе е притисок на пазарот на труд за раст на платите, а со тоа и раст на животниот стандард. Така повеќе ќе се помогне на сиромашните и невработените отколку ако државата им земе дел од тие пари на компаниите и го даде во рацете на неспособни и корумпирани министри и бирократи.

Најдобрата социјална политика е политиката на отворање нови работни места.

Политиката на рамни и ниски даноци помогна да се привлечат или охрабрат многу инвеститори и за прв пат по независноста драстично да расте бројот на вработени во Македонија, а да опаѓа на бројот на невработени. Рамниот и низок данок ги привлекува и охрабрува побогатите да инвестираат и отвораат нови работни места и да ги вработат оние кои не се толку богати. Прогресивниот ги брка.

Немаше потреба владата да дава лажни објаснувања од типот дека времено го враќаат данокот како што порано беше бидејќи не била консултирана бизнис заедницата при неговото носење.
Беше консултирана и јасно, јавно и отворено кажа дека се против. Медиумите тоа сигурно можат да го проверат, ако некој заборавил.
Сите други објаснувања за овој потег кои ги дадоа се празни флоскули.
Вистинскиот одговор е дека прогресивниот данок е штетен за земјата и граѓаните. Тој е неправеден, а не рамниот данок. Сите губат со прогресивниот данок, никој не добива. Тој што требаше да добие, буџетот, не добива заради очекуваната брза преселба на капиталот, компаниите и луѓето.

Но, со закон не се враќа се. И времето, загубеното време, не се враќа. Како што му “гори под нозете” сега пред избори, да може сега Заев да го врати времето и да ги врати истите политики, организација и луѓе за привлекување инвестиции, веднаш би го направил. Бидејќи наместо 5-6, ќе имаше 120-130 нови изградени фабрики или дел во напредна фаза на градба за овој ист период. Ама сè не се враќа со закон. Кога водиш политика воден од лична омраза и фрустрации, од каде и потребата да уништиш сè од оние кои ги гледаш како конкуренти, ќе се “глупираш” пред избори и ќе се “пењавиш” да објаснуваш нешто што на сите им е јасно.

На овој ден сите се потсетуваме на нашите блиски кои денес веќе не се меѓу живите.

Предизборното соочување на оваа влада со сопствените заблуди и грешки не натера да се потсетиме и на други загубени можности и шанси, стои во Фејсбук статусот на Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157823997837716

 

Next Post

Аваз: Норвешки модел или поправен испит за влез во ЕУ

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Започнува зимското сметање на времето: Во недела стрелките еден час наназад

October 24, 2025

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

October 24, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk