ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илинден одбележан во Прилеп: Изразуваме почит кон сите борци кои ги дадоа животите и ги остварија идеалите на нашите предци за денешната слобода

August 2, 2020 18:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со положување на цвеќе на Могилата на непобедените, Алејата на народните херои и на споменикот „Жена борец“, како и пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Ѓорче Петров и Пере Тошев, Општина Прилеп ги одбележа 117-годишнината од Илинденското востание и 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

Делегации на Општина Прилеп и општинскиот Совет, предводени од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, на Сојузот на борци и политички партии, им оддадоа почит на илјадниците борци и револуционери, кои со својата жртва ги поставија темелите на македонската држава.

Во своето обраќање, градоначалникот Јованоски рече дека со одбележувањето на двата датума, се искажува почит кон сите паднати комити и борци, кои своите животи ги вградиле во темелите на денешната држава.

Со одбележувањето на овие два светли датуми, испраќаме порака и изразуваме почит кон сите паднати комити, борци и револуционери кои ги дадоа своите животи и ги остварија идеалите на нашите предци за денешната слобода, за независна и самостојна држава. Станавме 30-та земја членка на НАТО, со што ја обезбедивме сигурноста и безбедноста на нашата земја, а со брзи чекори се движиме кон ЕУ. Нека ни е честит и вековит Илинден!, истакна градоначалникот Јованоски.

Во Втората светска војна под водство на Комунистичката партија, прв пат се обедини нашиот народ и се вклопи во антифашистичката борба против окупаторот, борејќи се за национална слобода, правда и создавање своја држава. Тие ги поставија темелите на таа држава и од 1944 година до денеска, имаме држава која се развивала со сите свои структури и институции, имаме држава со ‘матурирана’ нација, нагласи Љупчо Попоски, од општинската организација на Сојузот на борци – Прилеп.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

НАЈНОВО

МФ: Законски измени во насока на поддршка на домашната економија и компаниите, се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

October 10, 2025
Скриншот

Добитник на Нобеловата награда за мир е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо

October 10, 2025

(ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk