Премиерката на Финска, Сана Марин се омажи со својот долгогодишен партнер, Маркус Раиконен, пишува Дејли Мејл.
Двајцата имаат по 34 години и имаат 2,5-годишна ќерка Ема Амалиа Марин. Сана и Маркус се заедно веќе 16 години.
Церемонијата, на која присуствувале само 40-тина најблиски пријатели и семејството, се одржала во приватната резиденција на Марин во Кестаранта, Хелсинки.