Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него, извести министерот Филипче.
„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.
Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“, напиша на ФБ министерот Филипче.
Детето со церебрална парализа кое беше оставено само без никаква лекарска грижа, без никаква терапија и со 150 милилитри млеко дневно преживуваше во куќа во Охрид откако двајцата родители го напуштија и го оставија со човек што ниту знаеше како да се грижи за детето, ниту пак знаеше каква терапија детето прима, конечно се опоравува од траумата.
После алармот од медиумите, министерот Филипче лично се заложи детето да се хоспитализира и да се згрижи.
Ј. Ѓ.