– Во постот на Апасиев со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување, пишува на ФБ вицепремиерката Мила Царовска.
„Тој со ова ја покажа својата “свежина” што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание.
Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно!
Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе.
СДСМ Жени“, напиша Царовска.