ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски на средба со лозарите од Неготино: Ситуацијата е, би рекол, катаклизмична!

Разговаравме со лозарите од Неготино, претходно разговаравме со лозарите од Кавадарци, Росоман. Така што генерално преовладува идентична слика дека денеска тие се во очајна, катаклизмична би рекол ситуација поради условите кои што се денеска предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев - изјавии Мицкоски денеска во текот на неговата обиколка во Кавадарци, Росоман, Неготино...

September 21, 2019 18:10
in ПОЛИТИКА
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по повод неговата денешна посета на Неготино, ја пренесуваме интегрално, како што е објавена на веб страницата на партијата:

Денеска сме овдека во Неготино, во рамките на посетите кои што ги имаме низ цела Македонија.

Разговаравме со лозарите од Неготино, претходно разговаравме со лозарите од Кавадарци, Росоман. Така што генерално преовладува идентична слика дека денеска тие се во очајна, катаклизмична би рекол ситуација поради условите кои што се денеска предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите овдека во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот.

Јас не би сакал да навлегувам во било каква политичка квалификација како што тоа го правеше министерот за земјоделие и малкумината обожаватели околу Зоран Заев и ги оквалификува верните земјоделци и лозаро производители овдека од Тиквешијата дека наводно биле изманипулирани од страна на политичките елити, па излегле на протест. Напротив, денеска имав можност да разговарам со лозаро производители од целата Тиквешија без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност, без разлика која партија повеќе ја преферираат, заедничка е маката на сите, и сите оние политичарите кои што ги делат лозарите а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми.

Доаѓа обнова за Македонија и доаѓаат решенија за проблемите на земјоделците без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност – изјави Мицкоски.

извор: веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ

Next Post

Заев со серија Твитови до Би-Би-Си: Владата ќе ги употреби сите клучни алатки во војната против лажните вести

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk