ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(Видео) Костадинов: Губитникот Мицкоски никако да научи економија

Откако покажа дека не знае економија, губитникот Мицкоски нека се занимава со решавање на проблемите внатре во сопствената партија. На 15 јули народот не му даде власт ниту нему ниту на неговата нереформирана и корумпирана ВМРО-ДПМНЕ.

August 11, 2020 16:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Губитникот на три изборни циклуси, Христијан Мицкоски продолжува со несериозниот, незрел и неодговорен однос спрема државата и граѓаните. Освен што не научил ништо од поразите од граѓаните, Мицкоски никако да научи економија, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

„Показател за нашите економски политики и резултати сигурно не е ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Во време на најголемата глобална здравствена и економска криза, задолжувањата беа со една единствена цел – да осигураме непречено функционирање на економијата, редовна исплата на пари кон граѓаните, плати, пензии, социјални трансфери, како и справување со здравствените, но и со економските предизвици од кризата со Ковид-19 вирусот.

Со обезбедените средства зачувавме над 120,000 работни места со обезбедување на минимална плата за вработените во износ од 90 милиони евра. 30 милиони евра обезбедивме за граѓаните преку платежните картички, со која ја зголемивме приватната потрошувачка а со тоа го подржавме и домашното стопанство. Обезбедивме и речиси 12 милиони евра ваучери за граѓаните со што го поддржавме домашниот туризам и компаниите од туристичкиот сектор.

13 милиони евра обезбедивме за бескаматни кредити за поддршка на македонските компании од најпогодените сектори, како и 51 милион евра евтини кредити за домашните компании за поуспешно справување со корона кризата. До овој момент, Владата предводена од СДСМ, осигура да се влеат преку 200 милиони евра кај граѓаните и домашното стопанство. Помошта за граѓаните и економијата ќе продолжи и во следните месеци и веднаш по формирањето на новата Влада.

Околу јавниот долг, дозволете да го потсетиме губитникот Мицкоски дека во 2007 година вкупниот јавен долг бил 1,7 милијарди евра. Во 2016 година, девет години по криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 4,7 милијарди евра. Тоа се 3 милијарди евра повеќе, односно 6,000 евра долг по семејство.

Притоа секое семејство беше посиромашно и со пониски примања, наспроти секоја претходна година. За разлика од 2020 кога задолжувањето се прави за справување со најголемата светска здравствена и економска криза и притоа истите се користат за да се поддржи секој еден граѓанин и секако да се поддржи домашната економија. Платите растат, приходите кај граѓаните се зголемуваат, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Податоците се кристално јасни: приходите во јули во буџетот на државата не само што се над сите оптимистички сценарија туку го надминале и износот кој од даноци е наплатен во истиот месец од 2019 година.

Откако покажа дека не знае економија, губитникот Мицкоски нека се занимава со решавање на проблемите внатре во сопствената партија. На 15 јули народот не му даде власт ниту нему ниту на неговата нереформирана и корумпирана ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како одговорна партија во следниот четиригодишен мандат ќе покаже како се работи одговорно и посветено во интерес на државата, граѓаните и економијата. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите“ порача Костадинов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

May 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: САД треба да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“

May 15, 2025

(ВИДЕО) „Џејмс Веб“ забележа мистериозно светлосно шоу на Јупитер кое ги збунува научниците

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk