ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двајца битолчани обвинети за дистрибуција на детска порнографија

August 13, 2020 12:11
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот се товари за продолжено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“ од член 193 став 4 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 став 2 од Кривичниот законик, додека двајцата како соизвршители сториле и кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193-а став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Првиот обвинет, во периодот од  јули до септември 2016 година злоупотребил оштетена која тогаш била на возраст од 13 години, за изработување на аудиовизуелни слики со порнографска содржина. Преку Фејсбук профил со друго име тој во повеќе наврати комуницирал со девојчето, од ИП-адреси физички лоцирани во Нов Јужен Велс, Австралија, каде обвинетиот престојувал од 30.03.2016 година. Притоа ја убедил оштетената, за која знаел дека е малолетна и нема навршено 14 години, да направи интимни видео клипови со порнографска содржина. Клиповите оштетената му ги испратила на обвинетиот, а во зимата 2017 година тој овие видеа со детска порнографија ги прикажал на друго дете кое не наполнило 14 години, испраќајќи ги од истиот Фејсбук профил во порака на втората оштетена, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во периодот меѓу 9 септември 2010 година и 30 март 2016 година во Битола, како што се посочува во соопштението, обвинетите браќа, како соизвршители, преку компјутерски систем набавиле и поседувале над 8000 слики и видеа со содржина на детска порнографија, сочувани на хард диск и ДВД-а кои биле пронајдени и одземени при претрес на нивната куќа. Фотографии со детска порнографија биле пронајдени и при проверка на нивните мобилни телефони.

– Еден од обвинетите во текот на истражната постапка  подолго време беше недостапен за органите на прогонот, па неговото присуство во текот на постапката беше обезбедено во постапка за екстрадиција со помош на Интерпол и надлежните органи на Република Грција. Дел од  доказите во прилог на обвинителниот акт беа обезбедени преку инструментите на меѓународна правна помош од Австралија, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, кој се наоѓа во притвор откако беше лишен од слобода во Грција и екстрадиран во земјава. Како основ за продолжување на притворот се наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повтори делото кое му се става на товар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Харадинај ја најави кандидатурата за претседател на Косово

НАЈНОВО

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат заради лагите и манипулациите

October 11, 2025

ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk