ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска: Интензивно работиме на подобрување на фискалната транспарентност и новиот интегриран информациски систем за управување со финансиите

November 4, 2019 18:39
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Интезивно се работи на реформи во управувањето со јавните финансии, особено во насока на подобрување на фискалната транспарентност и нов интегриран информациски систем за управување со финансиите. Ова беше истакнато на Советот за управување со јавните финансии кој се одржа во Министерството за финансии по повод разгледување на полугодишниот извештај за aкцискиот план за 2019 година за Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии (ПФМ), пренесува МИА.

На Советот, со кој претседаваше министерката за финансии Нина Ангеловска, беше посочено дека Министерството за финансии заедно со Управата за јавни приходи, Царинската Управа, Бирото за јавни набавки, Државниот завод за статистика, Државниот завод за ревизија, Министерството за економија и Државната комисија за жалби по јавни набавки, забрзано работат на реализација на активностите планирани во Акцискиот план.

Ангеловска рече дека наскоро ќе биде пуштен во употреба порталот „Отворени финансии“ кој е дизајниран да и овозможи на јавноста преглед на сите исплати од Трезорот. Исто така, се објавуваат и нови податоци и анализи дадени во Фискалната стратегија и Годишниот план за управување со јавниот долг, а неодамна во посебна апликација почна да се објавува реализацијата на капиталните расходи по буџетски корисник.

Министерството за финансии, како што информира Ангеловска, го финализира текстот за новиот Закон за буџети, согласно коментарите на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија. Паралелно со реформите во буџетот продолжуваат реформите во системот за управање со јавните финансии преку воспоставување на нов ефикасен и интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) кој ќе обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосна реализација. Техничката спецификација на ИФМИС се подготвува со стручна поддршка на експерти од Светската банка, и истата треба да се финализира до крајот на 2019 година.

Финализиран е и текстот на новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола кој се очекува да биде усвоен во текот на следната година.

„Сите реформски процеси ќе продолжат и во наредниот период што ќе се рефлектираат во новиот Акциски план за 2020 година“, рече Ангеловска и додаде дека ги охрабрува институциите да продолжат со спроведувањето на планираните мерки за зајакнување на нивните административни капацитети.

 

Next Post

Шекеринска: Час поскоро неопходен ни е амбасадор во НАТО

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk