ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Топ Шоп образование, „но тоа не е сѐ!“

Мало дете побрзо ќе разбере дека мора да стои подалеку од другарчето отколку пензионерот во банка кому му е проблем дистанцата и ти диши во врат  со „само да прашам нешто...“

August 14, 2020 23:17
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува Ана Н. Стојчевски

Родителите, наставниците и институциите во државава поделени околу тоа дали учебната 2020/21 треба да почне со настава со присуство или да се продолжи со залажувањето дека онлајн наставата (кај нас) има некаков ефект.

Во земјава не функционира нешто што било во заложништво на ДУИ и ДПМНЕ долго време. Со урнисаниот образовен систем и демотивираните кадри, несоодветна опрема за ученици и наставници,  нема поента да почнува онлајн учебната година.

Новото време наложува адаптација на напредокот и промените, нешто на што не секој повозрасен граѓанин е спремен. Како ќе научиме да го живееме „новото нормално“ ако не почнеме со применување на мерките и навикнување на новиот начин на живот?

Наставникот по географија, со полни 60 години, апсолутно незаинтересиран за нова технологија, треба да му држи час на Вашето дете преку апликација која ниту ја разбира, ниту па сака да се замара 2 години пред пензија. Старосната граница на наставниците е сериозен проблем и голема закана за ефикасноста на секое дете, но за тоа потоа.

Зошто МОН нема поима што треба да прави? Додека не се најде некој од тие канцеларии што знае каква е детската психологија, како се организира час и ЗОШТО, до тогаш тоа министерство каде со години се таложат кадри без искуство во настава ќе биде само една обична зграда каде поважно е таблата пред влезот да биде двојазична, но не и да има квалитетен кадар во неа.

До кога на МОН ќе им одговара да пропуштаат генерации со огромни дупки во знаењето на сметка на удобно сместена партиска задница во државен сектор? Додека не се побунат родителите. Додека не никнат жалби за некоректен однос од наставник, додека не почнат инспекторите да работат како што треба и да проверуваат стручност и работа на секој просветар, макар бил и со решение зад кое се кријат некои партиски (не)работници. Сѐ додека се младите неписмени, нивното место под закрила на државата е безбедно.

Зошто на некои родители им одговара онлајн настава? Со чест на исклучоците, главната причина зошто некои родители инсистираат на настава на далечина (за која не сите ученици имаат услови), е за полесно да си поминат нивните деца. Нема поубедлив изговор и стремеж кон повисоки оцени од обвинувања кон системот (и ситуацијата). Истите тие родители (повторно, чест на исклучоците) ги пуштија своите малолетни деца со ќесе пари во Охрид. Е, тие не сакаат настава со присуство и ним им е најчесто Филипче крив, или ____________________ (допиши).

Зошто се поделени и наставниците? Затоа што демотивираниот кадар со платиче колку едно возење со лимузина на Муцунски не може да оди во 4 смени во школо, затоа што истиот кадар уште сега е преморен од тоа што следува. Тој ист кадар што моли за нормална плата секоја втора година, е истиот кадар што треба да знае сѐ за секој ученик, да води евиденција за напредокот на секое дете, за афинитетите и недостатоците, да го тестира, да создава услови за нормален тек на еден час, е тој има плата од 20-24.000. Воспитување и описменување на идните генерации по „Топ Шоп цена. „Но, тоа не е сѐ! Доколку изразите желба и за целодневна настава, во наредниот час можете да седнете на кафенце, наставникот ќе ја напише домашната со Вашето дете. Ви го враќаме изморено, со напишана домашна, спремно да си легне и од утре повторно истото.“ Мала дигресија…

Старосната граница за пензионирање на настaвниците е можеби вториот најголем проблем после партиската урнисаност на образованието. Наместо да се дава шанса на млад и мотивиран кадар, школите се преполни со наставници кои по закон чекаат до 62 и 64 години за пензионирање, а ги има и такви кои бираат и потоа да го продолжат работниот век. Тоа се, грубо кажано, речиси 40 години работа во училиште, со поминати илјадници деца низ училница.

Демотивиран од платата, со минимални услови за работа, затрупан во разни хартиени измислици за евиденција наметнати од МОН, наставникот се исцрпува веќе по 15 години континуирана работа во настава. Најштетно е да се мачат идните генерации со полуспремен, неажурен наставник кој и те како си го изработил своето кога било време. И вие очекувате некој кој брои минути до пензија да биде исто грижлив за Вашето дете и неговата дистанца како и некој кој одвај чека да работи со деца, а не може да дојде на ред?

Безбедноста е тесно поврзана со стручноста и мотивираноста на наставникот. Ако наставникот има повисока плата која ги пресретнува неговите потреби, тој/таа нема да биде толку незаинтересиран/а за работата и ќе сака да помогне да се спроведе наставата. Исто така, ако наставникот е во одминати години, ситуацијата со коронавирусот е само една иритантна пречка во загарантираниот раат на кој е навикнат.

Цел текст, а ни збор за безбедноста. Најважното всушност. Под „безбедност“ мислам на спроведување на наставата со придржување кон строгите мерки. Па ќе си речете „не можеш на дете да му речеш да не се гушка со другарчиња“. Повторно, сетете се на сликите од Охрид и видеото со песната од 2001. Можеби спроведувањето на наставата со присуство би било предизвик со најмалите, но не дека нема решение. Поделени одделенија, наместо „брилијантната“ идеја на МОН од септември 2019 за спојување на мали класови во еден поголем. Мало дете побрзо ќе разбере дека мора да стои подалеку од другарчето отколку пензионерот во банка кому му е проблем дистанцата и ти диши во врат со „само да прашам нешто…“ обавезно со маската под нос.

Ќе се најде ли херој да направи темелно скенирање на клучните и одговорни во МОН за никаквите услови и критериуми во школите? Од наставници до директори. Просветни работници што земале пари од некој проект, глумеле во аматерско видео, носеле крстови со име на жив човек во знак на некаков си грозоморен протест. Ама, со решение се. Никој ништо не им може.

Не знам како родителите не се во паника за тоа каков ни е системот на образование.


Тесктот е личен став на Авторката

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk