Во Вторник (5.11.2019) со почеток од 19 часот во Кино Култура Скопје, публиката ќе има можност да го гледа Перформансот, инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“. Перформансот е добитник на главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019.
Перформансот, инсталација, е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација.
Проектот се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња, кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница. Со овој уметнички проект беше претставен павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор (6-16 јуни, 2019 година) и ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација.
Автор: Филип Јовановски
Кураторка: Ивана Васева
Актерка/Изведувач: Кристина Леловац
Менаџер на продукција: Ненад Тонкин
Продукција: Илија Тирицовски
Ј. Ѓ