ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богов: Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“ се отстрани единствената слаба алка во системот

Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе се зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.

August 16, 2020 10:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави за МИА претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.

Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.

– Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе се зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.

– За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов за МИА.

Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити.

– Низ годините, Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките. Тоа е исклучиво во надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките, порача Богов во изјавата за МИА во врска со затворањето на „Еуростандард банка“./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Продолжуваат разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за хармонизација на изборните програми

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk