ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот на ЕП, Сасоли, ќе се обрати во Собранието

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска ќе се обрати во Собранието на Република Северна Македонија, а претходно тој ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со координаторите на пратенички групи и претставници од други политички партии

November 5, 2019 09:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска ќе се обрати во Собранието на Република Северна Македонија, а претходно тој ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со координаторите на пратенички групи и претставници од други политички партии, пренесе МИА.

Претходно вчера претседателот на ЕП имаше средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со претседателот Стево Пендаровски.

На заедичката прес-конференција со Заев, Сасоли рече дека за време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три влади на земји-членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина, како што рече, немаше „Не“ за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори.

– Во овој момент тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не“, оцени Сасоли.

Оцени оти тоа што тие земји не ги надминале приговорите до Советот на ЕУ, не треба да се смета како пораз, туку еден вид на застој во процесот, како што и често се случува во демократските земји.

Претседателот на Европарламентот е дециден дека прашањето за проширувањето ќе биде покренато во мај пред Советот на ЕУ, на Самитот во Загреб.

– Северна Македонија треба и мора да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Одлуката тоа да не се случи, може да биде променета за неколку месеци, подвлече Сасоли.

Преходно, за време на отворањето на Европската куќа во Скопје, што беше негова прва активност од посетата, рече дека за Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија, Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање ќе успеат да ги надминат нивните сомнежи.

– Имаме заедничка судбина и не е доволно една мала блокада за да се запре вниманието што го имаме кон вас, а тоа е Северна Македонија да стане дел од Европската Унија. Се работи за разочарување, но треба да имаме голема доверба и надеж, рече Сасоли, обраќајќи им се на младите кои присуствуваа на отворањето на Европската куќа.

Next Post

Сообраќај по суви коловози, работа на пат на повеќе делници

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk