Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на своите програмски активности за ширење на читателската публика и култура подари книги на Здружението на лица со телесен инвалидитет од општините Охрид и Дебрца „Мобилност – Охрид 1988“.
Меѓу подарените книги од сопствено издание на библиотеката има и дела кои претходно поголем број автори меѓу кои и Вера Самарјанин и Миле Миќуновиќ ги подарија на Библиотеката, за во нивно име установата да ги подарува таму каде што ќе се добредојдени и посакувани.
Според зборовите на претседателот на „Мобилност“ Венко Голабоски, нивните членови од почетокот на септември книгите ќе можат да ги читаат и разменуваат бесплатно.