ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Коалиција „Менуваме“: Онлајн-наставата проблем за слепите и слабовидни ученици

August 17, 2020 13:47
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, во услови на пандемија се распаѓа пред се образовниот процес, паралелно со тоа и образованието на слепите  лица, т.е. ученици, велат од Коалицијата за правата на лицата со попреченост „Менуваме“.

„Предложеното  Е-учење преку апликацијата ZOOM каде  што ќе се проследуваат  наставни содржини дадени од наставниците, а  ќе се следат  преку апликацијата вибер на мобилните  телефони, повлекува мошне интересна расправа.

Пред се, невозможно е учениците да ја следат наставата онлајан секојдневно онолку колку што имаат часови,  технички е неизводливо од следните причини:

Учениците   без остаток на вид не можат да следат видно писмо.

Треба да имаат инсталирано говорна апликацја ЏОС на македонски јазик, а немаат.

Слабовидните ученици, практично слепите, оние со мал остаток на вид. треба да бидат постојано  во близина од само неколку сантиметри од екранот на мобилниот телефонот, што, ќе се сложите,  воопшто не е здраво.

Се поставува прашањето дали предлагачот на овој начин на презентирање на наставата има сознанија какви телефони користат  учениците? Сите немаат телефони со понова технологија, што во старт создава хаос кај учениците.

За какво, такво следење на  ваков начин на настава скоро сите ученици ќе имаат недостаток од пишување текстови на браева азбука, што повлекува  заборавање  на истата, од септември до Декември тие нема да ја користат браевата азбука, особено  учениците од нижите одделенија.

Има предмети кај кои што наставникот работи еден на еден со одредени ученици при што во директен контакт со ученикот се даваат знаења, умеења и навики, особено со слепите и практично слепите ученици. Тоа родителите не можат да го прават.

Има уште многу точки кои можат да се одбележат, што генерално укажува дека  овој начин на Е-настава не е доволно стручно  размислуван, разработен од страна на предлагачот.  Родителите не можат да го заменат наставникот во никој случај.

Коалицијата МЕНУВАМЕ согледувајќи ја состојбата во образованието на слепите ученици заради пандемијата со КОВИД-19,  се консултираше со сите засегнати страни, почнувајќи од родители и завршувајќи со надлежните органи во МОН и Министарството за здравје. Од повеќе месечните разговори произлезе овој предлог како да се продолжи со неопходното образование на слепите ученици во новонастанатата ситуација:

  1.   Неопходно потребно е физичко присуство на часовите на сите ученици;
  2. Условот за намален број на ученици е во целост исполнет со оглед на тоа дека во одделенијата има присутни од 1 до 5 ученика;
  3. Часот да трае 30 минути;
  4. После секои 2 часа одмор од 10 минути
  5. Секој ученик седи сам во клупа,
  6. Сите ученици да престојуваат во интернатот: Досега повеќе од половина од учениците секојдневно патуваа од дома до училиште и после часовите  родителите ги враќаа дома. Петнаесеттина родители остануваа во училиштето и беа постојано со своите деца. Тоа го оневозможува  реализирањето на еден од многуте дидактички принципи а тоа е осамостојувањето на учениците во училишните простори, како и невозможноста слепите ученици да се здобијат вештини од ориентацијата и мобилноста во просторот.
  7. Техничките и правните процедури треба да се договорат со МОН  во врска со плаќањето на издршката за учениците;
  8.   Родителите треба да имаат ограничен и контролиран пристап на движење во училиштето и во дворот;
  9.   Престојот во интернатот во голем обим и содржина ќе им биде од корист на слепите и слабовидните ученици во нивната социјализација, во воспитно-образовниот процес и самозаштита од пандемијата КОВИД-19;
  10. Процедурата на дезинфекција и употребата на заштитни  средства е пропишана со закон и ќе се применува во целост;
  11. Родителите ќе ги земаат своите деца или секој петок или секој втор петок како што и до сега беше предвидено со годишната програма на училиштето;
  12. Позитивен факт е што сите ученици изразуваат недвосмислена желба за присуство на наставата во училиштето со своите наставници„ се вели во соопштението од Коалиција „Менуваме“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk