ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Поради прекршување на колективниот договор СКРМ и СОНК со опомена за тужба до Министерството за култура

August 18, 2020 15:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

– Чувствуваме потреба да ѝ соопштиме на јавноста дека како договорни страни во колективниот договор за културата и репрезентативни синдикати во културата, СКРМ и СОНК, испративме опомена пред тужба до Министерството за култура, кабинет на заменикот министер, поради прекршување на одредбите за плата од колективниот договор потпишан на 30.12.2019 година, се вели во соопштението за јавноста од синдикатите СКРМ и СОНК.

Тие истакнуваат дека иако по состанокот во Владата, Министерството за култура на својата веб страна објави дека ќе ги почитува одредбите и дури испрати и допис до институциите со налог за пресметка на платите согласно колективниот договор, сепак до ден денешен платата не е исплатена во институциите од културата.

„Имено со член 130, одредбите за плата од членови 65 и 66 требаше да стапат на сила најдоцна до 01.07.2020 година, а според член 63 платата се исплатува најдоцна до 10-ти во месецот. Иако по состанокот во Владата на 06.07.2020 година, Министерството за култура на својата веб страна објави дека ќе ги почитува одредбите и дури испрати и допис до институциите со налог за пресметка на платите согласно колективниот договор, сепак до ден денешен платата не е исплатена во институциите од културата.

Ја известуваме јавноста дека со член 131 од Колективниот договор за култура повеќе не важат одредбите за плата од досегашните колективни договори на ниво на установи така што не постои ниту една друга опција за законска исплата на платите во културата освен во согласност со гранскиот Колективен договор.

Членството на нашите синдикати одамна го изгуби трпението и повеќе не верува во способноста на Министерството за култура да ги почитува нивните работнички права. Речиси 20 години Министерството ги манипулира вработените, ги гази нивните права и тивко ја убива културата. Во 2020 година, во време на светска пандемија, Министерството за култура, јасно го покажа своето вистинско лице и наместо како сервис на јавниот интерес во културата се покажа како негов гробар. Речиси 70% од програмата на институциите не е реализирана поради тоа што Министерството не подготви протоколи ниту стратегија за функционирање. Уметниците и стручните лица се целосно блокирани во својата работа и своето творештво. Библиотеките, театрите, филхармонијата и НОБ се куќи на духови, а голем дел од музеите и центрите за конзервација едвај функционираат. Културата е речиси мртва и сега последниот удар доаѓа со непочитување на правата на вработените и прекршување на Колективниот договор.

Поради сето тоа, го опоменуваме Министерството за култура дека доколку не го почитува договорот и најдоцна до 25.08.2020 година не ги исплатат јулските плати, ќе започнеме колективен судски спор согласно Законот за работните односи.

Исто така, ги опоменуваме сите директори на институциите во културата дека доколку ги прекршат одредбите за плата од колективниот договор, исто така ќе против нив ќе поведеме индивидуални судски спорови. Сметаме дека најдоброто решение е Министерството за култура да се вразуми и да не ја изложува државата на дополнителни трошоци во време на сериозна закана од економска криза.“, наведуваат од СКРМ и СОНК

 

Next Post

Нови 130 случаи на Ковид-19, 152 оздравени и двајца починати

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk