ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Измислица е „ретката фотографија“ на Адолф Хитлер со ќерка му – мајката на Ангела Меркел

August 19, 2020 09:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs ги анализираше фактите околу едно старо тврдење, кое е дезинформација – дека Ангела Меркел е внука на Адолф Хитлер (честопати се среќаваат и тврдења дека германската канцеларка е всушност негова ќерка), а коешто деновиве било одново пласирано пред корисниците на Фејсбук, преку еден српски профил, пренесува Мета.мк.

Главната содржина е една фотографија на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер крај едно девојче, а описот за оваа фотографија вели: „Ретка фотографија на Хитлер и неговата ќерка Херлинд Казнер, мајка на Ангела Меркел“.

Освен тоа објавена е и наводна генеалогија на семејството на Ангела Меркел, а во неа пишува дека водачот на нацистичка Германија, Хитлер, е всушност татко на Херлинд Казнер, односно мајката на германската канцеларка.

Мајката на Ангела Меркел, инаку, е родена на 8 јули 1928 година, како што е наведено на фотографијата, а починала минатата година, во 90-та година од животот, потсетува istinomer.rs.

Подолу во спорната генеалогија, односно родослов, се тврди дека „Ангела Мариа „Гели“ Рауба била мајката на Херлинд Каснер. Гели била роднина на Хитлер, односно ќерка на неговата полусестра и Хитлер бил вљубен во неа. Гели извршила самоубиство со пиштол на Хитлер во 1931 година. Немале деца.

Но Херлинд е всушност родена во денешна Полска, а нејзините родители се викале Вили и Гертруда Јенч.

„Значи, дедото од мајчина страна на Ангела Меркел се викал Вили, а не Адолф. Според тоа, тврдењето дека објавената фотографија е всушност ретка фотографија на Адолф Хитлер и неговата ќерка Херлинд Казнер, мајката на Ангела Меркел е неточна“, заклучува istinomer.rs.

Што се однесува, пак, до тврдењето во родословот за родителите на Адолф Хитлер, тоа се навистина биле Клара и Алојс Хитлер. Спорниот дел е за дедото на Хитлер – се тврди дека нацистичкиот диктатор бил наследник на династијата Ротшилд, но нема докази дека е тоа вистина, потсетува српскиот сервис за проверка на фактите.

Next Post

Горбачов: Лукашенко направи една грешка - предоцна побара поддршка од работниците

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk