Поранешните вработени на „Охис“ секој вторник и петок се на улиците на Скопје, каде бараат да ги добијат 24-те заостанати плати, обврска уште од 2008, 2012 и 2013 година. Тие, под водство на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), секој протест го започнуваат пред зградата на ССМ, во 8 часот, пренесе ЦИВИЛ МЕДИА.
На 25 октомври работниците беа примени од советниците на Заев и Анѓушев, средба по која еден од работниците изјави дека нивните барања ќе одат до Министерство за финансии, каде постои комисија која ќе решава за овој проблем.
На денешниот протест еден од граѓаните ни раскажа за тоа дека разговарале со луѓе од власта, но дека сè уште не е решен проблемот.
„На некои од работниците им исплатија дел, на нас еве сè уште не. Разговаравме, ама само нè „вртат“, уште нема ништо“, изјави еден од работниците од Охис.
„Охис” пропадна, но дел од имотот на македонскиот хемиски индустриски гигант се продаваше подолго време. Парите од продажбата на дел од објектите отишле некаде, но не и за плати на луѓето што ги заработиле со својот труд.
Целиот текст можете да го прочитате на ЦИВИЛ МЕДИА.