ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Kоординација е клучна за да биде поголем ефектот во борбата против криминалот и корупцијата

August 19, 2020 23:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежностите на институциите остануваат, но нивната координација е клучна за да биде поголем ефектот во борбата против криминалот и корупцијата. Вака лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев ја образложи новата функција во идната влада – вицепремиер за борба против корупција, на која ќе биде назначен генералниор секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Сега, рече Заев, оваа функција е замисла, но секако, ќе биде структурирана согласно одлука на владата со посебен опис и попис на надлежности.

За конкретно да ја објасни оваа позиција, Заев направи паралела со вицепремиерот за еконосмки прашања кој, како што рече, има координативна улога, обединувајќи повеќе ресори.

– Секоја институција си ја задржува надлежноста, но ако сакаме резултат мора успешно да се координираат процесите, истакна Заев.

Говорејќи за Николовски, Заев нагласи дека се работи за млад човек, правник, кој бил и министер и кој може да се постави во делот на превенција, укажување, етички кодекси и координирање институции, како се финансиска полиција, УЈП, инспекторати и МВР.

– Ако некој го координира нивното работење, ефикасноста ќе биде поголема. Тоа е и целта. Јавноста сака резултати и затоа исчекоруваме со вакво решение. Заради координативната улога сметаме дека ќе имаме уште поуспешна борба против криминалот и корупцијата, потенцира Заев.

На новинарско прашање дали со именувањето на Артан Груби за прв вицепремиер ќе бидат потребни законски измени, Заев нагласи дека нема да има никакви промени на законите за владата.

– Прв вицепремиер значи некој кој го менува Заев кога е отсутен за водењето седница или прием на делегација и слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Секако во идната влада планирам да имам четири вицепремиери, од кои тројца на предлог на СДСМ и еден од ДУИ, кој ќе биде именуван за прв вицепремиер. Ова, меѓу другото, е заради подобра координација меѓу двете политички партии во делот на преземањето на одговорноста, со цел ефикасно донесување одлуки. Именувањето прв вицепремиер е и за да дадеме важност. Се работи за кадар кој ќе го води и министерството за политички систем, објасни Заев.

Во однос на кадровските решенија за надворешни работи, сега, во време на отворање на поглавјата, според Заев, треба заеднички да се работи, но големата одговорност треба да ја понесе СДСМ и затоа Никола Димитров ќе биде вицепремиер за европски прашања, а Бујар Османи ќе раководи со МНР.

Next Post

Заев: Владата ќе биде составена од одговорни и отчетни кадри, пред нас се четири години во кои ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk