Од електроенергетскиот систем во 14:16 часот испаднаа Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО, информира АД ЕСМ, пренесува МИА.
Преку таа трафостаница, се вели во соопштението од ЕСМ, РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.
-Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, порачуваат од ЕСМ.