ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмро-дпмне умре, имаше само 30 години!

August 23, 2020 19:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Општествениот дискурс во изминативе три години го доминираа очекувањета за брзиот пад на Заев. И неговата одбрана, се разбира, но ако судиме според децибелите и расширеноста на хистеријата, очекувањата и заложбите за неговиот пад, сепак, беа работи кои го одредуваа тонот на целата ситуација.

Платформата на живината од фејсбук и твитер и телевизискиот булшит, беше елемент на специјалната војна против Македонија и имаше неколку елементи: Сите срања во државата да се адресираат на владата, сите успеси на владата, дури и оние што целиот свет ги оцени како историски и релевантни во европски и светски рамки, да се премолчуваат или релативизираат и, трето, да се култивира критиката како единствен достоинствен став односно сите други ставови да се дискредитираат како апологетски. Кон македонољубивото антимакедонско просташтво организирано околу и во вмро-дпмне, се приклучи панцир дивизијата на скопските фраери и фраерки на затвореното општество, “Принц Милчин” и Гардиската бригада на обнадежените будали, “Кикифрики”, потпомогнати од жестоката екипа на неостварената Лорен, и тргна артилериската подготовка на јуришот врз власта на Заев со тепих ментални бомби врз здравиот разум, со распрскувачките ракети на страотната самонегациска новосвест која почна да се слуша на секој чекор: не не бива, ова ли е држава, срање, подобро да пропаднеме, да се испишеме од ОН… никогаш Северна, секогаш Македонија, ни го земаа името, идентитетот, достоинството, тралала тралала, еден неверојатен изблик на глупости и самоуништувачки страсти.

Развојот на настаните покажа дека овие формации не ја остварија целта, Заев доби уште еден мандат, многу веројатно дека ќе добие уште еден, но како цел ја остварија својата метода, а тоа е страшно разорување на општествената супстанца. Специфичноста е во тоа што разорената супстанца престана да ги препознава како гуруи на иднината и се задржа на ставот дека си има работа со будали. Тие, будалите, си го изградија тој статус со упорната работа против Заев. Тие го култивираа општеството против себе. Неверојатно, но стварно.

Невмровските противници на Заев се најтрагичните фигури во финишот на македонската транзиција. Но, не се потрагични од општеството што го заразија со својот нихилизам и катастрофизам, од заедницата на која и го скршија компасот, од луѓето што во функција на својата кауза себично ги примитивизираа и оглупавеа. Го озлобија. Мислам дека срамот ќе ги спречува да се вратат меѓу нормалните и истовремено ќе ги стимулира. Тоа не се глупави луѓе. Само се малку стрпливи. Или нестрпливи. Или се амбициозни над своите капацитети. Штетата што ја предизвикаа е огромна. Но, гледајте, свеста за тоа може да биде услов за нивна реинтеграција. Свеста кај нив. И покајанието. Ако мораме да го смалуваме количеството на непријатели, тогаш мислам дека треба да се тргне од оваа категорија говњари.

Се случи така затоа што тие луѓе се качија во авионот за Омск во намера да стигнат во Брисел. А можеби сакаа да стигнат токму во Омск. Кој ќе знае. Важно е дека закономерноста на историските процеси ги држи со нас на патот на прогресот. Тие го промашија ритамот и стилот на историјата. На времето. Но, тука се, со нас.

Хахаха!

Да речеме, не сфатија дека смртта на вмро-дпмне е клучна за македонската демократија. Или строгата маргинализација. Бегајќи од злосторничка инсталација, општеството кое не е со чипираните идиоти, не се плурализира туку се мобилизира околу сдсм. И дека тој проблем не може да се решава со напади врз сдсм. Односно дека исчезнувањето на вмро ќе ја симне аурата на спасот од сдсм, димензијата на доброто или на помалото зло, со други зборови на безалтернативноста. Затоа што вмро-дпмне не е политичка понуда туку болест и смрт. Знам дека идиотите веднаш ќе речат дека истото би можело да се рече за исчезнувањето на сдсм, но не е така, затоа што вмро е тоталитарна организација која се смета себе си за единствена артикулација на македонските национални интереси, се сеќавате на клучниот параграф од уставот на злото во кој на библиски начин на народот му се порачува да нема друга организација освен вмро, а второ, сдсм е, сепак, демократска организација што се гледа не само по мирното предавање на власта при изборните порази, туку и според фактот дека е најзаслужна за демократската транзиција на земјата во која вмро стана можна опција. И, можеби, најважното: сдсм ја носи Македонија во Европа, а од тоа нема поголеми докази за државотворноста, за националните капацитети, за демократските определби и за општата одговорност.

Прашање е се разбира, дали сдсм може да опстане без вмро, не сум сигурен, но, како и да е, развојот на ситуацијата ќе исфрли решенија кои ќе бидат резултат на демократските капацитети на општеството. Европа е полна со нови политички партии кои стигнуваат до водечки улоги.

Заложбите за трансформација на вмро, за нејзина модернизација и реформа, не се сосема без основа затоа што се работи за структура која, колку што го мобилизира македонското просташтво, толку и го контролира односно го имобилизира од уште пострашни пиздарии што би можел да ги прави во некоја друга организација.

Свесен сум за сите ризици, но кога се ќе се пресмета, мислам дека за општеството е најдобро да ги отвори процесите на ослободување и од вмро-дпмне и од вмро. Всушност, тие се веќе отворени. Во борбата што се случи во последните три години, одземени им се сите идејни коти, тие се најбесмислената и идејно најтешко поразената организација во Европа, сè што така бесмислено и глупаво бранеа, е предадено на новото време како депозит за перспективите на Македонија. На некој начин, тие се затворени како вмро, не постојат, имаат само некаква инфраструктура која треба да ја предадат на државата како ограбен имот или да чекаат да им се одземе и со тоа што ќе им остане, да се обидуваат да освојуваат по некој мандат како некаква нова десница или слично. Тоа е, драги вморонки унд вморончиќи!

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk