Градскиот инспекторат и Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ и овој викенд продолжија со своите активности, овојпат трагајќи по одложувачот на медицински отпад кај салата „Борис Трајковски“.
Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што истите ќе бидат санкционирани.
Во текот на вчерашниот денот беа контактирани и специјалните служби на ЈП „Дрисла“ кои со специјална опрема го превзедоа медицинскиот отпад и истиот го транспортираа до депонијата каде ќе биде соодветно третиран, известуваат од Град Скопје.
https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/3385515311494657