ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Италија започна клинички испитувања за вакцина против Ковид-19

August 24, 2020 15:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Италија започна клинички испитувања за потенцијална вакцина против Ковид-19, приклучувајќи се на глобалните напори за борба против пандемијата.

Институтот „Лазаро Спаланчани“, болница специјализирана за заразни болести, ќе спроведе клиничко испитување на 90 волонтери во текот на следните неколку недели. Од Институтот изразуваат надеж дека вакцината би можела да биде достапна до пролет следната година.

Директорот на Институтот, Франческо Ваја изјави дека првиот волонтер што ќе ја прими вакцината ќе биде под медицински надзор четири часа пред да биде пуштен дома, по што неговата состојба ќе се следи во текот на наредните 12 недели.

Во овој период, лекарите треба да утврдат дали вакцината е безбедна, дали предизвикува несакани ефекти и дали тоа доведува до создавање неутрализирачки антитела.

– Втората фаза на клиничко испитување на вакцината ќе се спроведе во земји со повисоки стапки на зараза, како што се Мексико и Бразил, рече Ваја, додавајќи дека првите вакцини би можеле да се појават на пазарот следната година.

Потенцијалната вакцина ГРАд-Ков2 е развиена од страна на компанијата „Реј Тера“ во Рим. Како што пренесуваат странските агенции, претходните испитувања на оваа вакцина, спроведени врз животни, дадоа позитивни резултати.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца го објави на Фејсбук почетокот на клиничките испитувања на вакцината и истакна дека земјата е во служба на глобалните напори за борба против Ковид-19.

Италија е една од европските земји најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот. Досега се потврдени околу 260.000 случаи на Ковид-19 во земјата, а починаа повеќе од 35.000 луѓе.

Клинички испитувања за потенцијални вакцини против Ковид-19 се спроведуваат низ целиот свет, како во Индија, Велика Британија, Русија, Кина.

Next Post

На Кипар позитивни 30 лица кои допатувале од странство, од кои 17 од грчкиот остров Миконос

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk