ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Безбедносен Вебинар: Дезинформациите и лажните вести најголема закана за Западен Балкан

August 27, 2020 15:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите и лажните вести и како тие влијаат на довербата во институциите, се најголемиот проблем на државите од Западен Балкан, заклучија денеска говорниците на безбедносниот Вебинар на Маршал Центар, Алумни Асоцијација на кој воведни обраќања имаа претседателот на Стево Пендаровски, амбасадорите на САД и Германија, Кејт Мери Брнз и Анке Холштајн и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје полковник Зоран Јанковиќ.

Вебинарот, кој е спонзориран од алумни програмите на Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармишпартенкирхен, Здружението на алумни на Маршал Центарот во Северна Македонија, Секторот за јавна дипломатија на НАТО, оваа година е фокусиран на „Геополитичките проблеми во Западен Балкан среде кризата од вирусот Корона 19: Евро-атлантската перспектива“.

-На еднодневниот вебинар прераспределен на три главни тематски панели се дебатира на темите кои се „жешки костени“ на национално, регионално и глобално ниво. Посебно внимание е посветено на импликациите од вклученоста на големите сили во регионот. Воедно, ова е напор да се даде светлина врз состојбата со кризата „Ковид -19“ во поширокиот регион на Западен Балкан и вон него, информираат организаторите.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Република Северна Македонија успешно се справува со Корона кризата и со хибридните закани и дека очекува од новата влада да ги продолжи реформите особено во делот на владеење на правото, борбата со корупцијата и реформите во администрацијата.

Американската амбасадорка Брнз ја истакна поддршката на САД на реформските напори на нашата земја, додека пак германската амбасадорка Холштајн нагласи дека очекува наскоро да почнеме со преговорите за членство во ЕУ.

Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО – Скопје, полковник Зоран Јанковиќ, ја истакна поддршката од НАТО Секторот за јавна дипломатија за Македонската алумни асоцијација. Воедно истакна дека НАТО секогаш ќе ја поддржат државата во справувањето со безбедносните закани.

Како клучни говорници на панелите покрај професорите од „Џорџ Маршал Центарот“, Метју Роудс, Валбона Зенели, Себастијан Фон Мунчоу, Бенџамин Никелс се и д-р. Александро Полити, директор на Фондацијата на НАТО Одбранбениот Колеџ од Рим, Моника Бегович, претседател на Атлантскиот совет на Хрватска, Мирослав Мизера, Алумни – од Република Словачка, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за Национална безбедност на Република Северна Македонија и Васко Шутаров од Алумни од нашата држава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Кичево 75 активни случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025
Фото: МИА

Мицкоски: Оската Филипче-Ахмети-Апасиев ја влече Македонија назад

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk