По поразот на парламентарните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, секојдневно се соочува со повици од членството во партијата, да поднесе оставка од претседателската позиција и да организира нов, вонреден конгрес на кој ќе се избере ново партиско раководство.
Зад оваа иницијатива застанаа голем дел од членовите во општинските комитети, но и стари партиски членови и поранешни функционери.
Дел од иницијативата за промени на раководството во вмро-дпмне е и поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски. Тој во интервју за Слободен печат вели дека партијата е во лоша состојба поради што има мобилизација на членството на терен.
Иницијативата за свикување на вонреден конгрес, според него, произлегува од членството и има искрена намера да ја подобри состојбата во партијата. Латиновски вели дека Мицкоски веќе нема легитимитет да ја води партијата.