По два ипол месеци грижа на Клиниката за гинекологија, предвреме роденото бебе Максим денеска си замина дома!, напиша министерот за здравство Венко Филипче на своите профили на социјалните мрежи.
„Тој беше роден на 5 јуни во 25-та гестациска недела со родилна маса од 820 гр, а заминува со 2.400 гр. во општа добра здравствена состојба“, напиша Филипче.