ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Богдановиќ: Одобрението за градба на „Шпански скали“ ништовно, одбиена жалбата на инвеститорот

August 27, 2020 18:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ, преку објава на својот профил на Фејсбук соопшти дека жалбата на инвеститорот на спорните „Шпански скали“ кои беа предвидени да го зафаќаат просторот пред ГТЦ на градскиот плоштад, е одбиена. Со тоа, решението за ништовност на одобрението од Центар останува на сила. Предвидените „Шпански скали“ беа дел од проектoт на претходната власт, Скопје 2014, кој предизвика и сѐ уште предизвикува негативни реакции во јавноста.

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“. Со ова останува на сила решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста.

Општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, на инвеститорот Амадеус Девелопмент, затоа што истиот не започнал со градежни активности во законски предвидениот рок од 2 години.

Инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ, незадоволен од решението на Општина Центар, изјавил жалба до второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, како орган надлежен за решавање на спорови.

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски на 20.8.2020, донел решение со кое што жалбата на инвеститорот изјавена против решението издадено од општината од 12.5.2020 се одбива како неоснована.

Второстепениот орган, откако детално го разгледал обжаленото решение и наводите во жалбата, констатирал дека Општина Центар детално го образложила и пресметала рокот од 2 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, а со тоа изминал и рокот за отпочнување на градба.

Со ова, второстепениот орган укажал дека Општина Центар правилно ги проценила и увидела дека се исполнети условите за огласување на ништовно одобрение за градење.

Оттука, Општина Центар постапила правилно и не го повредила законот како на нејзина штета, така на штета на граѓаните, а најмалку на штета на жалителот во постапката.

Општина Центар, во согласност со законите, секогаш ќе води сметка за зачувување на секој дел од јавниот простор, како јавно добро кое не треба и не смее да се приватизира и е достапно за користење од страна на сите граѓани, посочи во својата објава градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Next Post

Кина прва во светот со повеќе од 90 милиони направени тестови, втори се САД со над 78 милиони

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk