По повод Денот на рударите и празникот Голема Богородица, денес во Македонска Каменица беше претставен еден од најголемите мурали кај нас, насловен „Рударски приказни“.
Муралот е во должина од 75 метри и е дел од манифестацијата „Каменичко културно лето 2020“. Оваа ѕидна уметничка композиција е дел од неколкуте планирани за ова лето, во соработка со Центарот за современа ликовна уметност.
Автори на муралот се академските уметници со меѓународно реноме, Сања Јездиќ, Александар Џинго, Ферди Булут и Александар и Хари Дудески.
Д. Е.