ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Жбогар: Рано е да се зборува за нова методологија, ЕУ останува тука со или без датум за преговори

– Многу е рано да се зборува за новата методологија. Како што кажав и претходно, тоа треба да се остави на високата политика на земјите членки и на дискусиите во Брисел. Она на што ние треба да се фокусираме е што можеме да направиме како ЕУ делегација, за да им покажеме на луѓето дека сме тука да ја продолжиме поддршката, рече Жбогар.

November 6, 2019 16:34
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Високата политика треба да се остави во Брисел, а Делегацијата на ЕУ останува тука, без оглед дали земјава добила или не датум за почеток на преговори со Унијата, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на новата методологија на преговарање, пред почетокот на Работилницата за финансиска поддршка што ја овозможува ЕУ, пренесе МИА.

– Многу е рано да се зборува за новата методологија. Како што кажав и претходно, тоа треба да се остави на високата политика на земјите членки и на дискусиите во Брисел. Она на што ние треба да се фокусираме е што можеме да направиме како ЕУ делегација, за да им покажеме на луѓето дека сме тука да ја продолжиме поддршката, рече Жбогар.

Тој истакна дека Европа е тука и ќе остане тука, со зголемени фондови, особено за општините, во кои, како што рече, луѓето треба да се чувствуваат и да живеат европски, без разлика дали се или не се отворени преговори.

– Како ЕУ делегација немаме голема улога во процесот на носење одлуки на високата политика во Брисел, но имаме улога тука во земјава да им покажеме на граѓаните дека сме тука, за политичка поддршка, со фондови. ЕУ е најголемиот донатор во земјава и обезбедува речиси сто милиони евра годишно во фондови за земјава, и уште повеќе фондови ќе пристигнат во иднина, додаде Жбогар.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски рече дека ја поздравува иницијативата на Делегацијата на ЕУ за презентирање на инструментите за финансирање проекти.

– Министерството е дел од овие програми, поточно го работи делот за меѓугранична соработка на државата со соседните држави и во овој период околу сто милиони евра се ставени на располагање на државата и на соседните држави кои се насочени во најразлични проекти од заштита на животната средина, заштитата на културното наследство, поддржување на вработувањата и претприемничкиот дух, подобрување на здравствените услуги, подобрување на условите во училиштата, јакнење на администрацијата за да одговори на потребите на граѓаните, рече Милевски.

Тој истакна дека во моментот активни се 91 проект за меѓуграничната соработка, при што ја поздрави идејата на Делегацијата на ЕК следната година да го поддржи јакнењето на капацитетот на локалната самоуправа.

Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, рече дека целта на настанот е не само да се презентираат програмите за финансирање, туку како да се подобри целокупното работење во рамки на фондовите и имплементацијата на проекти.

– Вториот дел од настанот ќе биде објаснувањето на фокус точките за ЕУ во општините и тоа е нова идеја што има за цел да ја приближи Унијата до граѓаните и да им овозможи да имаат поблиска соработка. На ваков начин ќе се види не само она што е достапно за самите општини, туку и како да се оствари соработката меѓу сите засегнати страни, истакна Бертолини.

Работилницата е последната во серијата работилници што се одржаа во 25 општини и има за цел да ги запознае како пошироката јавност, така и општините во регионот на Скопје, со инструментите за финансирање на ЕУ.

Европската Унија е најголемиот донатор во земјава, со над 90 милиони евра на годишно ниво за поддршка на национални реформи во различни сектори. Освен Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ЕУ има и други можности за поддршка на земјава на нејзиниот пат кон полноправно членство.

Next Post

Турскиот претседател Ердоган соопшти дека ја уапсиле сопругата на Ал Багдади

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk