Низата превирања продолжуваат во Собранието пред истекот на рокот на полноќ до кога треба да се изгласа составот на новата Влада.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во кратка контрареплика им се обрати на опозициските пратеници кои обвинуваа за прашањето со името, на што Костадинов возврати дека нивниот лидер на меѓународни собири оди под името Република Северна Македонија и дека и самата партија го тргна „Република Македонија“ од својот статут, додавајќи шеговито „не ви го пишував јас статутот“.
По забелешка на опозициска пратеничка за сработеното на Владата предводена од СДСМ, Костадинов возврати кратко од говорницата „за ова зборев кога реков лавот ќе мјаука“.
Д. Е.