ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Криволак вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили на САД од составот на КФОР

September 1, 2020 10:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 15 септември на Армискиот полигон Криволак ќе се одржуваат вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили (ВС) на САД од составот на мисијата КФОР. Тие, по систем на ротација заедно со припадници од составот на Армијата на Република Северна Македонија и вклучување на припадници од полските вооружени сили од составот на КФОР ќе изведуваат повеќе видови на гаѓања, соопшти Генералштабот на Армијата на РСМ.

Припадници од 162-от пешадиски полк на ВС на САД кои извршуваат задачи во состав на мисијата КФОР ќе реализираат гаѓања со користење на пешадиско вооружување, при што ќе се врши и меѓусебна фамилијаризација, односно извежбување на гаѓања со формациското вооружување од составот на двете армии. Помеѓу останатото ќе бидат извежбувани и изведени и заеднички тактички вежби со боеви гаѓања.

За време на втората ротација на која ќе учествуваат и припадници од воените сили на полскиот контингент од составот на КФОР на 9 септември ќе се реализира и Ден за високи гости на кој ќе бидат прикажани дел од активностите.

Во тек на извежбувањата ќе бидат спроведени повеќе активности од цивилно воена соработка каде од страна на ВС на САД ќе се спроведат донации од заштитни средства за справување со „Ковид 19“.

АП Криволак врз основа на одличната воена соработка и поддршка од ВС на САД, претходно беше сертифициран од страна на 7-мата Команда за обука на копнените сили на САД, по што веќе трета година по ред е домаќин на контингентот од ВС на САД во мисијата КФОР со што се докажува како полигон кој овозможува одлични можности за изведување на разни видови воени активности на НАТО сојузниците.

Армијата на Република Северна Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП Криволак, за време на активностите овозможува и потребна воено полициска придружба за време на транспортот на ВС на САД и доколку е потребно обезбедува соодветна логистичка поддршка на активностите.

Од Генералштабот потенцираат дека со изведување на овој вид на активности се потврдува поддршката од нашиот најголем сојузник и стратешки партнер, САД при што се промовираат и можностите на нашиот најголем воен капацитет за изведување вежбовни активности од страна на Вооружени сили на странски држави.

Во процесот на планирање вежби веќе е планирано за следната година АП Кривола да биде домаќин на најголемата воени вежба досега „Одлучен удар 2021” на која вежба ќе учествуваат повеќе од 4.000 припадници на Копнените сили на Вооружените сили на САД за Европа, Армијата на Република Северна Македонија и од други НАТО армии.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За 24 часа регистрирани 437 граѓани кои не носеле маски

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk