ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меркел: Германија е решена да ја заврши изградбата на Северен тек 2 и покрај американскиот притисок

САД тврдат дека Северен тек 2 ќе ја зголеми енергетската зависност на Европската унија од Русија, давајќи ѝ на Москва моќна политичка предност на европскиот континент и алатка за потенцијални прекини на електричната енергија.

September 2, 2020 14:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека германската влада е решена да ја заврши изградбата на гасоводот Северен тек 2 и покрај обидите на САД да го запрат проектот, пренесува деловниот весник „Ханделсблат“.

За време на посетата на својата изборна единица, Меркел ја истакна својата решеност да го заврши гасоводот, осврнувајќи се на санкциите што ги воведе Вашингтон кон учесниците во гасоводот, од кој се очекува да испорача 55 милијарди кубни метри природен гас од Русија до Германија и поширокиот европски пазар.

– Ние не ги сметаме за законски екстериторијалните санкции, односно оние што ја преминуваат територијата на САД, рече Меркел во Стралзунд.

Северен тек 2 е важен за германската држава Мекленбург-Западна Померанија, каде што се наоѓа изборната единица на канцеларката. На пример, цевките потребни за изградба на проектот се испорачуваат од малото пристаниште Засниц, а по завршувањето на изградбата, рускиот гас се очекува да пристигне во крајбрежниот град Лубмин, пренесува Хина.

САД тврдат дека Северен тек 2 ќе ја зголеми енергетската зависност на Европската унија од Русија, давајќи ѝ на Москва моќна политичка предност на европскиот континент и алатка за потенцијални прекини на електричната енергија.

Критичарите ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го принудат сојузникот – Германија да купува природен гас од САД по повисока цена отколку од Русија.

Минатата година САД започнаа да воведуваат санкции за проектот Северен тек 2. Минатиот месец, тројца американски републикански сенатори му напишаа писмо на операторот на пристаништето во Засниц, предупредувајќи дека може да се соочи со „разорни“ санкции поради обезбедување стоки, услуги и поддршка за градење на гасоводот. Овие таканаречени „секундарни санкции“ може да значат економска пропаст за пристаништето.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија го споделува ставот на европските партнери за чисто комерцијалната природа на проектот за гасоводот Северен тек 2 и дополни дека се противи на обидите проектот да се користи во политички игри.

Според него, под изговор за обезбедување на европска енергетска сигурност, САД сакаат да го наметнат својот поскап течен гас на Европа, наместо рускиот.

Лавров посочи и на, според него, нелегитимните обиди да се попречи спроведувањето на проектот Северен тек 2 со воведување еднострани санкции.

– Само санкциите наметнати од Советот за безбедност на ОН се легитимни, нагласи тој, „и сè друго е обид да се поткопа меѓународното право и принципите на Повелбата на ООН, која повикува на соработка во решавањето на какви било проблеми“./МИА/

Next Post

Поднесено обвинение до Охридскиот суд за браќата Усеини за насилство

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk